Моите чувства поради овие историски мигови на големата двојна победа на коалиција на ВМРО-ДПМНЕ сакам да ги споделам со сите граѓани на Охрид и Република Македонија и со вас медиумите, рече новиот пратеник од Охрид, доктор Сашо Василевски на денешната пресс конференција која беше одржана за прв пат по прогласувањето на победата на претседателските и парламентарните избори.- Ја добивме поддршката на народот и затоа искрено им сме благодарни и ги уверувам дека нашата работа во парламентарниот дом исклучиво ќе биде за интересите на нашата држава, Република Македонија и за нашиот град Охрид. Ќ…
Дали и кога Охрид конечно ќе го добие затворениот пливачки базен. Години наназад се ветува и е еден од главните проекти со кој скоро пред сите избори се излегува пред граѓаните, но никако да се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески минатата година вети дека оваа година и тоа во месец април ќе се започне со градежните работи на базенот, но на терен нема ништо од тоа. Бакрачески изјави дека подготвителните работи веќе се започнати и дека во септември или октомври годинава ќе почнат и градежните работи.-По наша иницијатива Министерството за транспорт и врски изврши експропријација на то…
Преку песна, игра и декорирани трпези со најразлични видови овошје и зеленчук, децата од градинката Развигорче упатија пораки за здравата храна. Во програмата, на која тема беше екологијата и здравата храна, учествуваа 130 деца од оваа предучилишна установа. Децата покажаа дека од мали нозе учат за значењето на здравата храна, но и знаат што е здрава храна. Децата и нивните родители учествуваа во подготовката на овошните и зеленчуковите салати и останатите видови изложена храна. Украсената трпеза е резултат на соработката на родителите со наставниот кадар од градинката, напоменуваат од…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.С.(58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“. Имено на 18.03.2014 година пријавениот во атарот на селата Арбиново, Лактиње и Годивје, со запалка опожарил тревна површина по што за кратко време огнот се проширил на околната шума предизвикувајќи имотна штета и опожарување на 25.000 м2 дабова и борова шума кај селото Арбиново, околу 30.000 м2 сува трева и шума кај селото Лактиње како и опожарување на околу 10.000 м2 млада шума и сува трева во атарот на селото Годивје.{loadposition content9}
ТВМ ТелевизијА има потреба од лице за:
– планирање, управување и анализа на платени органски кампањи
на социјалните медиуми;
– идентификација на целната публика и развивање стратегии за зголемување
на конверзијата на социјалните медиуми;
– оптимизација на веб страната на ТВМ
Услови за аплицирање:
– одлично познавање на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, Twitter);
– одлично познавање на Google Analytics, Google Ads и Facebook Business Manager;
– одлично познавање на SEO;
– напредни компјутерски вештини
Заинтересираните кандидати да достават CV на e-mail: contact@tvm.mk
ил…
Вечерва со почеток во 19.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде изведена претставата „Мачка на вжештен ламаринен покрив“ од Тенеси Вилијамс.Инаку оваа претстава како проектна активност ја подготвија ученици на охридската гимназија под водството на професорката Ирена Бачиќ.Репризно претставата ќе се игра и утре, 30-ти април исто така во Центарот за култура со почеток 19.30 ч, a цената на влезниците изнесува 60 ден.Во претставата која се подготвуваше два месеца, настапуваат ученици од охридската гимназија, сценографијата е на проф. Кети Слатинец, а светло Илија Лев…
Несовесните возачи воопшто не се грижат за тоа во каква состојба ќе стигнат на своето одредиште оние кои решиле пеш да прошетаат по дождот. Лекот за сообраќајната некултура кај нас за жал е бавен и неефикасен.-Според членот 129 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возач што се движи по коловоз на кој има вода е должен да го приспособи возењето така што нема да ги испрска пешаците, велосипедистите, моторџиите и слично. Полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, што значи дека мора да биде сведок на делото за да следува казна за несовесниот возач. Другата оп…
Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 29- ти април од 10 до 16 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „Сирма Војвода“.Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}