По повод 8-ми Декември – “Св.Климент Охридски”, Советот на општина Охрид распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2021 година.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.
Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
Во пријавата треба да се достави кратка биографија и…
Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот. Ова го превидуваат новите измените во законот за заштита на населението од заразни болести. За непочитување на измените во законот за заштита на населението од заразни болести казните се до 30.000 денари или 500 евра. Угостителите кои претходно добија забрана за работа по 23 часот, реагираа на појави на групирање на млади луѓе, по 23 часот по парковите, детските игралишта, пекари, бензиски и слично. Од СВР Охрид најавуваат дека и досега биле биле вршени контроли за спречување вакви појави.
„Секое собирање и…
Реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ е главниот инфраструктурен проект кој Општина Охрид ќе го реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.
Според проектната документација, новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки со д…
Во текот на изминатото деноноќие (28/29.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 879 прекршоци.
Министерството за внатрепни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Во претседателската „Вила Водно“ дернеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.
Од Кабинетот на претседателот, соопштија дека покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.
На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.
Собранието доцна синоќа ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.
Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната при…
Националниот парк Галичица ќе добие нова туристичка содржина за љубителите на адреналинските спортови. Наскоро на територија на паркот ќе се постави виа ферата. Станува збор за еден вид алпинистичка насока која ја изработуваат членовите на АК Патагонија од Охрид, информира Антонио Додевски претседател на клубот.
„Идејата за изработка на виа ферата дојде преку друг еден друг проект кој истотака паралелно го спроведуваме во рамките на НП Галичица. Ќе биде можеби една во моментов од најдолгите виа ферати со должина од 350 до 400 метри, се наоѓа во месноста Корита. Проектот е финансиран од Пон…
Кризниот штаб на Општина Охрид денеска по барање на градоначалникот Константин Георгиески одржа он-лајн состанок на кој беа вклучени сите постојани членови. На состанокот беа донесени следните заклучоци:
-Засега состојбата со здравствената криза во Охрид е стабилна. Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 170 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. На Инфективното одделение и одделот за геријатрија во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 40 пациенти. Во моментот се подготвува план за реорганизација по други оддел…