Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие вонредни услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти.
За да ги задоволи потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид во рамки на одбележување на Неделата на Црвениоткрст,во соработка со службата за трансфузија организира крводарителска акција под мотото „РАЗУБАВЕТЕ ГО ДЕНОТ,СЕБЕ СИ И НА ДРУГИТЕ“ која ќе се реализира на 19.05.2021(среда) во спортската сала на ОУ „…
Заврши учебната година. Со тоа завршуваат и маките на учениците, но оние кои треба да го продолжат образованието во средните училишта ги чека уште еден напор. Пред да го направат изборот треба добро да размислат што ќе е најдобро за нив и каква ќе биде нивната професионална иднина. Во нашиот град има три среднообразовни центри. Секој од нив со свои специфичности и понуда. Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ вообичаено се запишуваат околу 400 ученици. И годинава остануваат истите паралелки, осум гимназиско образование, четири економска струка и една медицинска паралелка. Новина е што од го…
Одржан гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев. Околу 50тина учесници во орекстарот и хорот во катедралната црква Св Софија исполнаа музички нумери достојни за одбележување на еден ваков значаен јубилеј. Директорката на училиштето Нина Момироска упати благодарност до голем број нејзини поранешни колеги кои во изминативе години оставиле дел во мозаикот на музичкото училиште Методи Патчев. За гала концеротот директорката Момиорска рече дека идејата била во програмата да земат учество сите кои биле дел од ова музичко училиште.„ Поддршка добив од целиот колектив. Се…
Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј ја освети новоизградената порта на влезот од манастирот „Свети Наум“. Бројни верници, црковни претставници, претставници од локалната самоуправа од Охрид како и туристи денес имаа можност да ја чујат светата литургија со која манастирската порта го доби светиот благослов. „Свети Наум го заслужувал одамна овој лик да го има и се надевам дека уште повеќе со време ќе се разубавува ликот и убавината на Свети Наум Охридски. Се разбира дека имаше разни коментари и добронамерни и злонамерни, повеќе отколку добронамерни, но секој еден кој што е ослоб…
Сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи, оперски пејачи звезди од Италија ќе го отворат 54-тото издание на Фестивалот Охридско лето. Нивниот настап ќе биде придружуван од Македонската филхармонија под диригентската палка на аргентинецот Луис Горелич. Селекторите Гордана Јосифоска Неделковска и Ѓорѓи Јолевски, ветуваат програма која ќе изобилува со изведби од врвни музички имиња и многу шекспировски комедии. Во музичкиот дел на програмата на фестивалот ќе настапат хрватскиот кросовер пијанист Максим Мрвица, пијанистото Аркади Володос , полскиот гудачки квартет Моцарт Груп и израе…
Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината. Развојот на компјутерските технологии досега понудил огромни можности за развојот на општествата, но она што ќе го понуди за иднината е толку големо што тешко е дури и да се замисли. Професор д-р Фернандо Нето од Универзитетот во Пернамбуко-Бразил, кој работи на применета вештачката интелегенција смета дека таа како концепт и како наука може да најде примена во многу аспекти од животот. „Можете да создадете компјутери кои личат помалку на роботи, па да можат да учат од вашето однесување, да можат повеќе да предвидув…
Јордан Манасијески, доајенот на охридското и македонското сликарство добитник на престижната награда „Горна порта“. Претседателот на комисијата која ја доделува наградата, Игор Кичеец, смета дека критериумите за да се добие една ваква награда се доста високи. Кичеец вели дека самото име на наградата „Горна порта“ покажува на еден симбол на градот, но пред се една асоцијација на некои повисоки критериуми.
Тој појаснува зошто се одлучиле токму Манасијески да биде добитник на наградата за 2013та година. „Уметникот Манасијески е присутен ширум светот и има собрано мноштво признанија. Изложувал…
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот започна снимање на промотвно видео „Safe like home“ за привлекување на домашни и странски туристи. Кампањата содржи пет промотивни видеа, кои ќе таргетираат повеќе земји од соседството. Целта е да се докаже дека Македонија е сигурна детинација за лето 2021 година. Дел од спотовите се снимани на брегот на Охридското езеро. Ова лето се токму во Охрид очекуваат туристи од Холандија, Полска, Украина, но и кружни тури, каде главниот туристички центар ќе биде попатна станица.
„ Македонија е една од најслободните земји кога е патувањето во пра…