Жителите на Подмоље, Оровник, Горенци и Аеродромаската зграда Св Апостол Павле и во текот на денешниот ден имаа повторно прекин во водоснабдувањето. Причината за прекинот во водоводната мрежа е дефект на главната водоводна мрежа од „Св. Еразмо“ до селото Горенци. Се работи за водоводна мрежа постара од 3 децении. Квалитетот на цевките и нивната амортизација се причина за честите дефекти, информира градоначаланикот на Дебрца Игор Трајкоски. „Екипи на комуналното претпријатие се на терен и дефектот ќе се санира за многу брзо. Во текот на летото ќе нема други дефекти. За во иднина планираме др…
Општина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:
I. Локации за поставување урбана опрема – фрижидери за продажба сладолед 13 локации
Поставување фрижидери за продажба на сладолед се предвидени на следните локации:
по должината на KEJ„Македонија“ вкупно 11 локации – 1(1а), 2(2а), 3(3а),4(4a), 5(5a), 6(6a), 7(7a), 8(8a), 9(9a),10(10a) и 11(11a)
на плоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локација – 12(12а)
на ул.,,Климент Охридски,, вкупно1 локација – 17(17а)
На секоја локација можат да …
Годинава Охрид наместо домаќин на Фестивалот на француски филм мораше да се задоволи само со една проекција. Синоќа во Центарот за Култура “’Григор Прличев“ по седми пат беше послан црвениот тепих но за разлика од претходните години по него поминаа само мал број љубители на седмата уметност. Пред проекцијата на филмот посветен на познатиот француски моден креатор Ив Сен Лоран на присутните им се обрати Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој говореше за македонско – француските културни врски и за отворањето на Охрид кон светот, а посебно кон филмот како уметност.- Франција ги има б…
Два билборди со огроми димензии од неодамна се поставени во комплексот Парк. Од општинскиот инспекторат тврдат дека тие се бесправно поставени и наскоро ќе бидат одстранети. За надлежните во инспекторатот мистерија е кој ги поставил билбордите.„ Пред комплексот Парк општинскиот инспекторат утврди дека се поставени два огромни билборди кои се најверојатно поставени преку ноќ. Не можевме да го утврдиме сопственикот, a за таа цел инспекторатот има постапка. Доколку не може да се утврди кој е сопственик на билбордите градежниот инспектор во службен весник објавува постапка во која се бара соп…
Инспекторите од општинскио инспекторат заедно со службите од СВР деновиве интензивно работат на изготвување на акционен план за справување со бучавоста. Според планот ова лето ќе има многу позачестени контроли и акции бидејќи минатите лета бучавата беше проблем број еден во градов за кој не се најде соодветно решение. Надлежните ветуваат секојдневно мерење и на бучавоста која доаѓа од објектите на брегот на езерото кои во летната сезона приредуваат разно разни концерти на отворено. Граѓаните , посебно оние од стариот дел на градот години наназад реагираа, собираа потписи, но ништо не вроди …
Талентираните студенти од универзитетот за информатички науки и технологии „Свети апостол Павле“ денес ги презентираа апликациите кои ги изработија за кампањата на компанијата „Дурекс“ за сексуална едукација на младите. Мерсиха Исмаиловска, координатор на натпреварот од универзитетот „Свети Апостол Павле“ за изработка на овие апликации вели дека како задача на тимовите им поставиле да изработат апликација која ќе се состои од квиз со 30 прашања, сексуален и менструален календар со бројни информации од областа на сексуалното здравје.„Тимовите како што видовте денес завршиле добра, одлична ра…
Ресторанот на охридските градски гробишта издаден на краткотраен закуп за 5 години на ресторан Тино, дознава ТВМ.
Оваа информација ја потврди и првиот човек на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски. И покрај изјавата која за ТВМ ја даде Симоноски кон крајот на месец мај годинава, дека огромен бил интересот за закуп на ресторанот лоциран кај градските гробишта, сепак на Јавното наддавање кое беше на 17 јуни годинава интерес пројавил само еден наддавач кој целосно ги прифатил условите од огласот и понудил цена од 2050 евра, месечно која е прифатена од страна на ЈП Градски Гробишта.
Инаку ре…
Доколку летово ви се пријаде печена прченка или американски крофни ќе мора дома да си направите бидејќи надвор ќе нема каде да купите. Општинскиот инспекторат во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не предвиде локации за продажба на храна на отворен простор. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа. -Не е дозволено продавање храна по тротоари и на плоштад. Доколку се затекне таква појава сопствениците ќе бид…