Возрасни граѓани од Стариот дел на Охрид сведочат за силата Господова во најголемото духовно светилиште во земјава. Денес наполниле по 80-тина години, но како вчера да било се сеќаваат на Божјото чудо, кое се случило пред околу шест децении во близина на црквата Свети Никола Геракомија.
Чичко Илија Боев, тогаш бил во цутот на младоста, денес жив сведок на појавата на ликот на Мајката Божја со Исус на прозореот од куќата на Коле Котуше.. Било околу пладне, кога Божјото чудо се отсликало на прозорецот , а голем број граѓани се собрале и со неверување гледале, се крстеле и молеле пред …
13ти Канео фест. Овој познат охридски фестивал на новокомпонирани македонски песни ќе се случува две вечери и тоа фолк и поп вечер, на кои, ќе настапуваат познати имиња од македонската музичка сцена. Освен натпреварувачкиот дел, на фестивалот ќе има и бројни ревијални настапи.
Посетителите ќе можат да ги слушнат Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Денис Мурат, Боби Мојсоски, Климент Стојаноски, Јордан Митев, Благица Павловска, Спасен Силјановски и многу други изведувачи. „Стручното жири ќе го сочинуваат исклучиво професори по музика кои што ќе ги оценуваат натпреварувачите. Нат…
Паркингот кај капетанија повеќе нема да биде слободен за паркирање. Со изгласувањето на предлог одлуката за отстапување на истиот од локалната на ЈП „Билјанини извори“, овој паркинг доби и нова намена. Иако тоа не беше наведено во самата предлог одлука, паркингот ќе добие статус на затворен паркинг и него ќе можат да го користат само жителите кои гравитираат во неговата непосредна близина. За таа цел, група на граѓани поднеле и барање до локалната самоуправа за да можат да го користат овој паркинг за одреден месечен надомест.„Апсолутно поведени од нивната иницијатива, пристапивме кон подгот…
Временското ограничување на пловидбата на скутери во Охридското Езеро стапува на сила денеска. Во текот на денот, во периодот од 11 до 19 часот, скутерите нема да можат да сообраќаат по езерото зашто тогаш е најголема фрекфенцијата на капачи.Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во Капетанијата на пристаништа на Република Македониј…
Врвни обучувачи од Германија, Турција, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, САД, Хрватска, Данска, Литванија, Италија и Македонија ќе бидат дел од првата „Лидерска академија за жени“, која од 16-25 јули 2014 година ќе се одржува во Охрид. Оваа академија е во организација на клубот „Сороптимист“ од Струга со поддршка на Унијата на Сороптимист од Република Турција.Повикот за учество на академијата е сеуште во тек и истиот ќе биде отворен до 7-ми јули 2014 година. На овој повик ќе може да се пријават девојки и жени на возраст од 18 до 30 години-Академијата ќе опфати 32 работилници, а за првпат …
По повод манастирската слава на манастирот „Свети Наум Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 2 јули 2014 година (среда), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудо-творец“, со почеток во 19.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.На 3 јули 2012 година (четврток), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод праз-никот „Свети Наум Охридски Чудот…
Предлог одлуката за организирање на летниот режим на сообраќај на дел од територијата на Охрид, една од најжешките теми на денешната 25та седница на Советот на општина Охрид.
Според новиот режим, кој стартува утре, дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел ќе имаат сообраќај само во една насока. Како и изминатите години, забраната за сообраќај се однесува за временскиот интервал од 20 часот навечер до 05 часот наутро за сите граѓани, додека од 5 часот наутро до 20 часот навечер движењето е дозволено за жителите од стариот дел на градот кои поседуваат посебни пропусни…
Од 23.00 часот (11.05.2021) до 05.00 часот (12.05.2021) констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (11/12.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 441 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.