Со денешното промотивно возење на децата од ЈОУДГ „ЈАсна Ристеска“, објект Централна и официјално оваа летна туристичка сезона во функција е ставен двократниот панорамкси автобус.Ова возило со кое стопанисува ЈП „Биљанини извори“ ќе им стои на располагање на сите заинтересирани групи кои имаат желба убавините на Охрид и Охридското Езеро да ги видат од една поинаква перспектива. Сите заинтересирани корисници може да се обратат во дирекцијата на ЈП „Биљанини извори или на телефонскиот број, 046/231-535 за повеќе информации. Инаку јавното претпријатие минатата година го доби на користење двокр…
Свеченоста за осветувањето и отворањето на спомен-обележјето посветено на големиот православен христијански празник ,,Богојавление-Водици” – „Фаќач на крст”, ќе се одржи утре, сабота во 10 часот и 30 минути на градското пристаниште во Охрид. Спомен обележјето што го симболизира вадењето на светиот крст од осветените води на Охридското Езеро, е донација на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кум на Водици-Охрид 2012, ген. дир. на градежната компанија Адора Инженеринг, автор на скулптурата е академскиот скулптор м-р Ангел Коруновски од Велес, а скулптурата е поставена на рељефен постамент со ранохри…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против В.Р. (32) од охридското село Пештани поднесе кривична пријава.Пријавената, на трети овој месец, на сопругот Ј.Р. (26) од Пештани со кујнски нож му нанела тешки телесни повреди во пределот на градниот кош. Истиот итно е пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на понатамошно лекување.Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу двајцата брачни партнери настанала жестока вербална расправија. Во момент кога двајцата сопружници биле во кујната од семејната к…
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска во Охрид ќе ги посети училиштата „Ванчо Питошески“ и „Наум Охридски“.
Посетата на двете училишта е во рамки на втората фаза од кампањата за промоција средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“, чија цел е запознавање на идните средношколци со перспективите и можностите кои ги нуди овој тип на образование.
Ќе се стави ли ред на охридските плажи. Од општинскиот инспекторат велат дека минатото лето ретко кој концесионер го испочитувал правилото на плажата да има најмалку 40% слободен простор каде гостите ќе можат слободно да си постават свои реквизити и да не плаќаат за тоа, а наспроти тоа плажите биле преплавени со лежалки што предизвикувало голем револт кај посетителите.Милески вели дека ќе се контролира дали концесионерите се придржуваат на проектот кој им бил одобрен од страна на општината, дали објектите на плажите се во дозволениот габарит, дали на плажата се испочитувани условите за …
Дваесетина паркинг места се добиени со проширувањето на просторот кај Долни Сарај. Со овој зафат се обезбедени дополнителен број на паркинг места.Првичната најава на локланата беше дека ови емет аќе бидат наменeти за варошани кои нема каде да ги паркираат автомоболите по одлуката МПЦ да го огради дворнот место околу катедралната црква Св. Софија. Лошата вест е што нема да се исполни првичното ветување на локалната дека овие паркинг места ќе бидат обележани и жителите ќе добијат предност за паркирање.
Во меѓувреме од Локалната самоуправа ретерираа, го промрнија ставот па кажуваат де…
Плажата на најубавото место на Охридското крајбрежје, Сараиште, во лето узурпирана од кајчиња. Малку простор останува туристите да постават пешкир и да уживаат во топлото летно сонце и местоположбата што го нуди ова место. Мештаните од Сараиште речиси секоја летна сезона укажуваат на овој проблем и сметаат дека ваквата слика е срам за туризмот на општина Охрид и оти Локалната самоуправа треба сериозно да пристапи кон решение на проблемот. Старата добра практика, топката за вината да се префрла од една на друга страна и во овој случај не изостана. Од општинскиот комунален инспекторат велат д…
Свети Наум е најблискиот соработник на Свети Климент првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по Јулијанскиот календар).Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за в…