Јул 8, 2014

Две плажи на охридскиот брег ќе останат без концесионер

Две плажи на охридското  крајбрежје ќе ги загубат концесиите.   Во вчерашната контрола 2-ца  инспектори направиле увид на 10 плажи. Концеионер на една од плажите немал уплатено закуп за 2014 година, додека другите две не ги испочитувале законските обдредби, информира Николче Милески од Општинскиот инспекторат.„ Кај 3 од 10 плажи беа утврдени неправилности.Една од плажите веднаш по сугестиите на инспекторите ги одстрани неправилностите . Другата плажа не го почитуваше договорот со обезбедување на слободен простор од 40 посто за капачите и имаше поставено урбана опрема на целата плажа “, кажа…

Јул 8, 2014

Oхридските пратеници на гости во „Охридско лето“

Oхридските пратеници Александар Николовски и Сашо Василевски гости во „Охридско лето“. Тие со директорката на фестивалот  Елизабета Јанкуловска при посетата разговараа за условите и начинот на работа на оваа национална установа, како и за напорите што се прават за уште едно успешно фестивалско издание. Констатирале дека фестивалот од година во година е се поуспешен бидејќим ги носи најголемите светски имиња од светот на културата во Охрид.- Предизвикот што го имавме минатата година со добивање на највисоката награда за туристички настан за 2013 година за нас беше поттик да направиме нешто ш…

Јул 8, 2014

ОО СДСМ: Бараме одговорност за бетонските градби на Плаошник

Извештаите на Унеско ги  потврдиле стравувањата на СДСМ за несоодветните градби на Плаошник.  Алармот кој го упатуваше ОО на СДСМ  дека бројот на градбите и нивната големина  го загрозуваат културното, природното и историското наследство на Плаошник, не допре до надлежните институции на локално и државно ниво. Поразително е што странци требаше да укажат  на сериозноста на проблемот со бетонските градби се атак на културното и историското наследство,  рече на денешната прес конференција претседателот на општинската СДСМ, Томислав Тунтев. Ние како советничка група  реагиравме власта да го спр…

Јул 8, 2014

Кривични пријави за поранешни в.д директори на ЈП „Градски гробишта“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(59) и К.П., в.д. директори на ЈП Градски гробишта-Охрид, за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ и против Б.Т. за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2011 и 2012 година, пријавените како в.д. директори во различни временски периоди во ЈП Градски гробишта, се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик, потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието, но истите со зад…

Јул 8, 2014

Македоснките угостители бараат помал ДДВ

Намалување на ДДВ за храна во рестораните, субвенции, наменско трошење на туристичката такса, ова се дел од барањата на Здружението за угостителство и туризам, пренесува 24 Вести.Од Здружението укажуваат дека поради високите трошоци, угостителите работат со намален профит.Од Здружението велат дека и покрај порастот на цените на енергенсите, угостителите нема да ги зголемат цените на услугите, иако работат со намален профит.Во меѓувреме, угостителите со Македонската музичка индустрија ја договорија месечната тарифа што треба да ја плаќаат хотелите и рестораните за пуштање музика од домашни и…

Јул 8, 2014

Склучен договор помеѓу пливачките школи и ЈП „Биљанини извори“

Пливачките школи и оваа година склучија договор со ЈП „Билјанини извори”. По тој повод денеска, во 12.00 часот, на базенот во ЈП  „Билјанини извори”, претставници на Локалната самоуправа и претставници на пливачките школи официјално ќе го означат стартот.{loadposition content9}

Мај 14, 2021

Демолирани електричните сандачиња во старата охридска касарна

На местото каде, што  се уредува новиот голф драјвинг  ренџ  со  мало игралиште и академија за  голф , во населбата „Радојца Новичиќ“, непознати вандали ги уништиле електричните сандачиња.  Станува збор за многу опасен, животозагрозувачки чин и вистинска среќа е што нема повредени. Каблите се под голем  струен  напон, што претставува голем ризик за неодговорните лица кои ја причиниле штетата. „Во последно време,  како се затоплува времето  повеќе деца се на тој простор и сведоци сме на повеќе немили настани, има кршење. Донесовме струја и вода  за наводнување, но сведоци сме на дивеење на о…

Јул 8, 2014

Набљудувај внимателно, размислувај критички

Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, во соработка и со поддршка на Совет на Европа, на 8 Јули 2014 година во Охрид организира еднодневна конференција чија што цел е размена на мислења и искуства за користење на социјални медиуми за информирање на граѓаните и како може тие да помогнат за учество во процесите на одлучување на локално ниво. Конференцијата се организира во продолжение на обуката за медиумска писменост наменета за претставници на граѓански организации и новинари од Република Македонија која се организира од 5 до 7 Јули 2014 г.  На оваа конференција се оче…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top