Под наслов „Носталгија во црно-бели рамки“ на програмата на Охридско лето недела во Дирекцијата на Фестивалот со почеток од 20 часот е изложбата на фотографии од Зоран Вељаноски – Летра. Во овој циклус фотографии од веќе препознатливиот фото-запис на Зоран Летра се исцедува носталгијата како сон отсонуван во црнобели рамки кој постојано се преобразува, се интенвизира и дејствува со лирскиот тон на виденото, почувствуваното, запаметеното. Токму таа интензивна лирика е она што возбудува во овој исклучителен црно бел мозаик кој отсликува една тивка меланхолија на нашите спомени, оценува ака…
Во рамки на проектот „Волонтеризмот во служба на Аутизмот”, финансиран од Европската Унија преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилности, Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеровиот синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“, денес ќе остварат средба со претставници на Локалната самоуправа.Во рамки на проектот „Волонтеризмот во служба на Аутизмот”, финансиран од Европската Унија преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилности, Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеровиот синдром “ВО МОЈОТ СВЕТ” на 10…
Волонтерите од Клубот на млади на Црвениот крст заедно со претставници од ЈП „Билјанини извори“ и Лајонс клубот од Гетеборг-Шведска ќе ги расчистуваат некомерцијалните плажи. Нивната еко-акција ќе се спроведува во текот на утрешниот ден, а ќе опфати повеќе плажи кои немаат концесионери, а ќе се започне со расчистување на пределот на Грашница, како и другите плажи каде што вирее трската.„Ваквата иницијатива или поттикот да го направиме ова е како резултат на непријатната слика и присутниот смет на плажите кој несоодветно и несовесно завршува на истите, односно најчесто на некомерцијалните пл…
Владата започна со образложение за законското решение за отпис на долговите на социјалците. Денес министерот за финансии Зоран Ставрески пред собраниска комисија за финансии и буџет образложено решението за отпис на долговите на социјалците. Со еднократен отпис за направените долгови ќе бидат опфатени три најранливи категории граѓани, корисници на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пе…
ЈП Градски Пазар Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:
I. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенири -__
на ул. „Македонија„ – вкупно _ 14
Пешачка патека Студенчишта –Парк- вкупно 4
Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опремате се дадени во изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2021 година.
Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 6(шест) месеци.
II. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:
урбана опрема 4 м² за продажбата на храна и сувенири со почетна цена од 8.000…
Охрид конечно доби автопазар. Трговците со половни автомобили како и оние граѓани кои што сакаат да купат половно возило, веќе нема да одат во други градови за оваа потреба, рече градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески, на денешното официјално отворање на новиот охридски автопазар.„Сметам дека со ова успеавме да излеземе во пресрет и на граѓаните на Охрид меѓутоа и на трговците кои се занимаваат со овој бизнис. Само можам да кажам дека авто пазарот ќе служи за изложување не само на патнички возила туклу и на тешки товарни возила, моторцикли и авто делови“ – вели Бакрачески.Директор…
Членовите на Пријателство преку музика – Македонија и Норвешка утревечер ќе одржат Музички отворен настан – Концерт на дувачки состави од Македонија и Норвешка на плоштадот кај хотелот „Александрија“.На концертот кој ќе се одржи во 20 часот ќе настапат ученици од Државното средно музичко училиште од струга , Христијан Донески на саксофон и Даниел Танески на кларинет и двајцата од Охрид.FTM или Пријателство преку музика дејствува за да изгради интеркултурно пријателство и разбирање преку музика. Преку заедничка почит и пријателство, FTM поддржува и стимулира музички развој. FTM е основан во…
На 11 и 14 јули 2014 година ќе се изврши втората авиодезинсекција прскање против возрасни комарци со широкопојасен инсектицид. Прскањето против комарци ќе се спроведе на 4 локации утврдени како приоритетни од страна на Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство. Дезинсекцијата ќе биде извршена на вкупна површина од 4.400 хектари по воздушен пат. Имено, на 11.07.2014 ќе се спроведе прскање во општина Дојран на вкупна површина од 1000 хектари и во општина Чешиново-Облешево на површина од 900 хектари, а на 14.07.2014 година ќе се изврши прскање во о…