Јул 30, 2014

Регионалиот СОНК не дава поддршка за протестите на 1-ви август

Членовите на синдикатот на охридските основни и средни училишта му вртат грб на Претседателството на СОНК во Скопје. Регионалиот СОНК не дава поддршка на најавениот протест за 1-ви август, вака вчера информираше  претседателот на Регионалниот  одбор на Сонк, Аце Речкоски.  Тој денес е во Скопје. Што се случува таму и дали се пеглаат спротиставените ставови на централата и регионалните синдикални организации, не се знае.  Изјави за медиумите нема. Сега останува неизвесно дали професорите и наставниците од Охрид ќе се приклучат или не  кон протестот што  СОНК го најави за 1 август пред Минист…

Јул 30, 2014

Охрид заслужува постојана поставка со делата на големиот Вангел Наумоски

Изложба на 22 дела од големиот охридски ликовен творец Вангел Наумовски насловена како „Портрети и ликови“ деновиве е поставена во куќата на Уранија во Охрид. После подолго време љубителите на неговата уметност имаат можност да се сретнат со неговите дела. Оваа колекција на слики за прв пат е пред очите на јавноста и како што рече неговиот потомок синот Рубенс Наумовски изложбата  претставува блиц, ретроспектива на неговото творештво низ годиниве. Исто така тој нагласи дека годинава по повод двата големи јубилеи, 90 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски, како и 60 години од неговата п…

Мај 20, 2021

Филмот на охридскиот режисер Илија Пиперкоски „Дедо и Внук“ дел од програмата на шест светски фестивали

Buenos Aires International Film Festival, Osaka International Film Festival – OIFF, Stockholm City Film Festival, Dallas Independent Film Festival, Prisma Rome Independent Film Awards и International film Festival – Sweden се последните филмски фестивали кои го селектираа во својата програма играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски. Станува збор за престижни филмски фестивали, на кои се пријавуваат преку 1.500 филмови за да бидат дел од официјалната селекција, со што продолжува успешниот поход по награди за новото дело на Пиперкоски. По шест вредни награди на познати фест…

Јул 30, 2014

Полни раце работа за ЈП „Комуналец“

Градов полека, но сигурно се полни со гости. Се очекува во викендов што доаѓа Охрид да биде дестинација за голем број домашни туристи поради престојните илинденски празници. Но, тоа значи и полни раце работа за ЈП „Комуналец“ бидејќи зголемениот број на гости носи и преполни контејнери со смет. Од ова јавно претпријатие велат дека превземени се сите мерки за поголема ангажираност на вработените за подигање на сметот, одржување на хигиената на јавните површини и на јавното зеленило.-За подобра организација во работата воведовме и трета смена. Возилата ќе подигаат контејнери во централното гр…

Јул 30, 2014

Концерт на музичка младина со барокна музика

Камерниот оркестар на музичка младина настапува во Св. Софија. Оркестарот има долга традиција на присутност на Фестивалот Охридско лето. Вечерва настапуваат по 29-ти пат  со дела од барокниот период. Емилио Перцан е раководител на камерниот оркестар за овој концерт. Тој својата доедукација ја посветил на барокната музика, најавува музичкиот селектор  Гордана Јосифоска Неделкова, „ Посебно ни е драго што Емилио Перцан,  години наназад беше член на камерниот оркестар на музичка младина. Како фестивал,  музичка младина, но и како на педагози посебно ние драго кога нашите ученици со врвна едука…

Јул 29, 2014

На Охридско лето концерт од опусот на композитирот Томислав Зографски

На програмата на Охридско лето вечерва е концерт посветен на творечкиот опус на македонскиот композитор Томислав Зографски. Зографски  е еден од основоположниците на македонската композиторска школа. Концеротот е во знак на одбележување на 80 години од неговото раѓање.  Вечерва во Св. Софија настапуваат покрај искусни музичари  етаблирани на македонската музичка сцена, како флејтистот Страшо Темков,  и талентирани студенти како виолинистот, охриѓанецот  Ѓорѓи Петровски. Целиот креативен  век професорот  Зографски го посвети работејќи со студентите и остави композиции  кои го одбележуваат ма…

Јул 29, 2014

Ќе се пишува монографија за Охрид

Ќе се пишува монографија за Охрид. Тоа ќе биде еден репрезентативен примерок за историјата на градов. Во книгата ќе бидат опфатени сите значајни настани, личности, културно-историски објекти, археолошки локалитети и природни убавини или со еден збор се она што му дава белег на градов. Иницијативата за пишување на една ваква монографија е на Општина Охрид, односно на Секторот за Туризам и локален економски развој.-Во моментов сме во фаза на избор на стручни лица  кои ќе работат на оваа монографија и веднаш штом ќе завршиме со тој избор пристапуваме кон процес на нејзина изработка, вели Ѓоко …

Јул 29, 2014

Граѓаните си го бараат ветеното

Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сте стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека  оваа пролет ќе биде направен, се останува само на ветување, вели Илија Магденоски, претседателот на УЗ Воска. Тој раскажува дека десетина пати преставн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top