Станува збор за две противпожарни возила марка ФАП 13 14 кои веќе извесно време се надвор од употреба на ТППЕ Охрид , но својот живот ќе го продолжат во противпожарното одделение во рамките на ЕКО ФАП каде во добро и лошо и понатака ќе служат на граѓаните.
Целта е истите да бидат реставрирани , исправни и секогаш во функција на нашиот Охрид.
Од ЕКО ФАП со благодарност до Општина Охрид и ТППЕ Охрид за поддршката и препознаенета добра идеја за формирање на доброволно противпожарно друштво за прв пат во нашиот град.
Нетипична претстава на нетипична локација. Авторскиот проект на големиот режисер Паоло Маџели, „Његош и јас“ пред публиката на Охридско лето“ која ќе треба да отпатува до Заливот на коските за да ја погледне оваа театарска претстава. Според режисерот Маџели, „Његош и јас“ е приказна за времето кога ја запознавал Црна Гора и кога бил фасциниран од тогаш недопрениот простор.
„Не е носталгична претстава, тоа не е некое сеќавање, има и некоја шизофренија. Маја ги игра во исто време час и Данило, час и Поповиќ и на крај една девојка. Нема никакви претензии тоа да биде една реконструкција на слу…
Патниот правец Охрид – Битола ќе започне да се реконструира. Ова го најави пратеникот од 5 изборна единица Александар Николоски кој нагласува дека реконструкцијата на патната инфраструктура кон Охрид била негова заложба. Денес пратенците во Собранието на Р. Македонија дале зелено светло во процедува да влезе Законот за гаранција на заем кај Светска банка, со кој, меѓу другото, се предвидува изградба на патниот правец од Охрид до Битола, а треба да се реконструираат вкупно 112 км магистрални и регионални патишат во земјава, вели Николоски.„ Од кои во првата фаза за една година треба да се…
До редакцијата на Телевизија ТВМ пристигнуваат реакции од граѓани од стар град во врска со разурнатиот ѕид на црквата Св. Богородица Болничка. Состојбата на тој потег ја нагрдува сликата која најубавиот дел од Охрид ја остава кај туристите. Состојбата е непроменета речиси две години.
Според она што го слушнавме од мештаните тие не навлегуваат во плановите кои МПЦ ги има за тој потег, но сметаат дека додека се реши проблемот со дозволата за понатамошни активности на локацијата барем да се санира ѕидот. Ова лето нема ништо да се превзема за враќање на ѕидот во првобитната состојба велат од Де…
Maси и столици на тротоарите а пешаците на коловозот. Ваква е сликата на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На овој потег има огромна фрекфенција на пешаци и автомобили кои се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во угостителски објекти. Пешаците стравуваат за својата безбедност и се прашуваат како Локалната дозволила поставување урбана опрема на двата тротоари и тоа не само во летниот период туку преку целата година. Од Локалната велат дека опремата е поставена согласно програмата што се носи за поставување урбана опрема, а која претходн…
„ Коси од розева волница“ под шифра Солза е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго 2014“. Наградениот расказ носи една ретко обработена тема во кој е прикажан спојот меѓу реалниот и натприридниот свет. Нарацијата е лесна, со чиста мисла без оптоварување на непотребни описи, јазикот е лесно прифалив, композициски е изграден до совршенство, кажува Ирена Бачиќ, од жири Комисијата на конкурсот Живко Чинго 2014.„ Од овој расказ извираат силни емоции кои го поместуваат човекот од сосптвеното лежиште. Исповед е на една душа, мајка која прерано го напуштила овој свет и го оставила своето м…
Ниту еден граѓанин не пријавил анонимно мито и корупција во Локалната самоуправа. Пред три месеци Локалната го промовираше телефонскиот број 046 262 469 како и eмaил адресата prijavikorupcija@ohrid.gov.mk на кој граѓаните анонимно можат да пријават службеници доколку им се случило да им побараат поткуп за одредена услуга. Од ваквиот податок може да се заклучи дека државните службеници совесно си ја вршат работата и нема злоупотреби на службата или граѓаните тешко се охрабруваат да пријават незаконски дејствија. Од „Транспаренси интернешнел Маседониjа“ велат дека ваквиот потег нa локалната е…
Со креативна и модерна анимација, во која се опфатени почетоците и предизвиците на „Охрид трчаТ“, организаторите го најавувуваат јубилејното петто издание на Атлетската манифестација, која ќе се одржи од 4 до 6 јуни во Охрид.
Во видеото кое го изработи Дарко Талески од Прилеп прикажана е кратката историја на „Охрид трчаТ“, кој за кратко време стана охридски бренд во Македонија и странство.
Прв пат „Охрид трчаТ“ се одржа во 2017 година, предизвикувајќи бум во македонски рамки. Второто и третото издание беа голем чекор напред кон приближување на градовите домаќини на настани од ваков вид. Ч…