Овој предлог доаѓа директно од кабинетот на градоначалникот но Комисијата за општествени дејности треба да го разгледа и да одлучи дали има некакви пречки поради кои не може да дојде до преименување на кејот. Денес ќе се состане и Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ со цел да завземат заеднички став за овај предлог на Градоначалникот. Состанок ќе има и во Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ каде ќе се координираат со кој став ќе истапат на седница на Совет која е закажана за в петок а кога ова точка ќе се најде на дневен ред.
{loadposition content9}
Заврши првиот уписен рок на високообразовните институции. На ФТУ засега се запишаа 200 студенти со што се исполнија најпозитивните очекувањата на менаџерскиот тим на овај факултет.-Во услови кога имаме силна конкуренција и кога имаме намалување на бројот на средношколци во училиштата останавме на нивото од минатата година и тоа за нас навистина е успех, вели Сашо Коруноски-декан на ФТУ.Коруновски објаснува дека ФТУ е една од водечките институции по бројот на запишани студенти на универзитетот во Битола. Идните студенти имаат можност да студираат на пет насоки, туризам, хотелско ресторатер…
На кинеската вечер на фестивалот, насловена како „Музиката на Шенжен“ ќе се претстави Симфонискиот оркестар на Шенжен. Куриозитет на вечерта ќе биде нивната изведба на „Недовршената рапсодија“ на македонскиот композитор Томислав Зографски.Деведесет кинески музичари од симфонискиот оркестар на Шенжен, Народна Република Кина, вечерва ќе ја имаат честа да бидат уметниците кои последни ќе настапат како дел од музичкиот дел на програмата на 54-то „Охридско лето“. Покрај изведбите на „Ода на човештвото“ на кинеските композитори Ван Нинг, и „Љубители на пеперутки“ на Чен Ганг, и безвременската …
Геријатриското одделение при Општата болница од Охрид се поднови со 22 медицински душеци, машина за перење, неколку простории обложени со ламинатни подови и уреден двор. Сето ова како донација од социјалното друштво „Свети Наум-Охридски“ од Мелбурн-Австралија кое досега во неколку наврати има донирано во охридската општа болница. Од друштвото велат дека сето ова што го донираат е со цел да се направи поудобен престојот на старите и изнемоштени лица во геријатриското одделение.
„Нема на кого немаме помогнато досега во градот Охрид, во Општа болница Охрид, и на поединци кои сме ги носеле во А…
Одбележан Денот на Армијата на Република Македонија. Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија се одржа во Центарот за обука на вода во Охрид. Со пригоден говор на присутните им се обратија претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Зоран Јолевски. „Вие почитувани припадници на АРМ ја продолжувате традицијата на баталјонот Мирче Ацев, формиран недалеку од тука на Славеј Планина, на денешен ден пред 71 година. АРМ е репрезент на сите напори и жртви кои биле дадени низ децениите и вековите за слобода мир, просперитет и …
Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески упати честитка до охриѓани и останатите граѓани на Република Северна Македонија по повод 24 мај-Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
–Светите Кирил и Методиј борејќи се за признавање на словенското писмо и јазик, го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик. Нивното историски и културолошки значајно дело претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални особености. Со своето творештво даруваа многу народи со писменост, просветлувајќи го патот на …
„Пченки, американски крофни, пуканки и скара ова лето нема да се продава на отворен простор. Во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на храна на отворено. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа“. Ова е само дел од изјавата која за Телевизија ТВМ на 19ти јуни оваа година ја даде Николче Милески, од комуналниот општински инспекторат.
-Не е дозволено продавање храна по трото…
Се договараат последните детали пред почетокот на 28от Охридски пливачки маратон. Организаторите од Пливачката федерација на Македонија, во процесот на подготовка на годинешното издание на оваа наша значајна спортска манифестација добива и логистичка, но и финансиска поддршка од Локалната самоуправа од Охрид. Секретарот на општината, Димитар Спасески не информираше дека е формирано Координативно тело кое постојано работи со цел годинава да имаме добро организиран маратон. Координативното тело во чиј состав влегуваат сите јавни претпријатија од градов како и Сојузот на спортови од Охрид, ден…