Авг 25, 2014

Ставен камен темелникот на новата индустриска зона кај Струга

Денес со поставување на камен темелникот свечено се означи почетокот на изградбата на инфраструктурата на технолошко индустриската развојна зона лоцирана во струшко-охридскиот регион. Ова беше долгогодишна заложба на Владата на РМ и се реализира многу побрзо од очекуваното.-Она на што сум посебно горд е што цел овој процес се скрати за една година заради одредени измени кои ги направивме во Законот за јавни набавки на едно автентично толкување кое јас го поднесов, а кое овозможи убрзување на сите постапки. Тоа се случи на крајот на јули, а еве сега на крајот на август веќе имаме започнување…

Мај 25, 2021

Охридскиот Архив ја откри документацијата од познатиот кичевски општественик Љубо Стефанов Богески

Охридскиот Архив ја откри документацијата од познатиот кичевски општественик Љубо Стефанов Богескипознат писател,режисер, основач на КУД во градот Кичево, сликар, уметник. Охридскиот Архив им се заблагодарува на директорот на Центар за култура Кичево г-дин Мазлам Османи како и на г-дин Раде Милошоски без чија помош и асистенција не би биле пронајдени овие значајни документи. Пишаните песни, фотографии, слики веќе се поставени во депото на Охридскиот Архив се со цел нивно понатамошно сведоштво за идните поколенија.

Авг 25, 2014

Нема проширување на НАТО и ЕУ, но Македонија продолжува со реформите вети-министерот Попоски

Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија, нашето членство во НАТО алијансата, но и проширување на соработката и билатералните односи на Македонија и Латвија. Ова беа главните точки на дискусијата на денешната работна средба помеѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и неговиот колега од Латвија, Едгарс Ринкевичс. Министерот Попоски вели дека државата е во очекување на извештајот за напредокот на земјата во спроведување на реформите за членство во Европската унија, со која од наредната година ќе претседателствува токму Латвија. Според Попоски, процесот …

Авг 23, 2014

Белгиецот Брајан Рикеман е победник на 28от Охридски пливачки маратон

Белгиецот Брајан Рикеман е победник на годинешното 28мо издание на Охридскиот пливачки маратон. Рикеман беше поиздржлив и побрз од останатите дваесетина маратонци и прв ја исплива познатата патека „Климе Савин“. Жестока битка како и во најголемиот дел од трката се водеше и при самиот крај, односно пристигнувањето на првата група на целта на градското пристаниште.   „Многу сум уморен, многу тешка трка. Не бев во најдобра форма. Затоа што станав татко за прв пат па зедов една година одмор, тренирав последните пет недели, периодот беше краток, но многу сум среќен што победив.“-вели победникот …

Авг 23, 2014

Премиерот Никола Груевски во Охрид

  Премиерот Никола Груевски заедно со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, денес во официјална посета на Охрид. Груевски присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на локалниот пат Долно Лакочереј- Горно Лакочереј. -Ние долго време работевме на инвестиции во локални и регионални патишта  па бевме критикувани зошто не инвестираме во изградба на автопати. Еве сега градиме и автопати. Но нема да ги занемариме и локалните патишта бидејќи знаеме колкава е важноста за вас граѓаните, истакна премиерот Никола Груевски.Груевски каж…

Авг 23, 2014

Холивудска продуцентска компанија, ќе снима кратки промотивни филмови за Охрид

Охрид, Галичица, св Наум, охридскиот бисер, филигранството и пештерните цркви во Струга ќе се промовираат во светот преку кратки филмови кои ќе ги изработи холивудска продуцентска куќа. Од утре па се до 10ти септември во Македонија ќе престојува тим на компанијата  Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge). Познатиот CNN Travel Guru, репортер, продуцент и поранешен дипломат  Перси Вон Липински, во Македонија на инфо тура која ќе трае 18 дена носи екипа составена од познати професионалци во филмската индустрија. Тимот на Липински го сочинуваат: Филип Голдфајн и Тимоти Марлоу, филмск…

Авг 23, 2014

Изградба на нов кат на геријатрија за спас од лошите услови за пациентите

Проширување на геријатриското одделение за подобрување на условите за престој на пациентите. Ова е желбата и планот на раководството на Општата болница од Охрид во чии рамки функционира ова одделение. Директорот на Општата болница, д-р Љубен Арнаудов вели дека тие имаат изработено план со цел да се реши повеќегодишниот проблем, а кој вклучува изградба на уште еден кат над постоечката зграда. Според д-р Арнаудов, архитектонските капацитети на зградата даваат можности за вакво решение. Целта според него, е да се изградат современи соби во кои ќе има по два кревети, односно пациенти.„Овде се с…

Авг 22, 2014

Историско издание на 27та Седница на совет

Историско издание на 27та Седница на совет. Покрај тоа што се водеа дискусии поврзани со поблиската и подалечната историја на државава на оваа седница се донесоа и историски одлуки за градов. Охрид од денес има нов грб и знаме. Советничката група на СДСМ побара оваа точка да биде тргната од дневен ред со објаснување дека вака важни одлуки не треба да се носат избрзано, нетранспарентно и без при тоа да биде запознаена пошироката охридска јавност. Тие реагираа на тоа дека не била запазена постапката при донесувања на вакви решенија. Секретарот на Општината Димитар Спасески објасни дека нема п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top