Државниот завод за статистика излезе со податоци за бројот на туристи за месец јули годинава. Според нивната статистика турците биле најмногубројните странски туристи што ја посетиле земјава потоа србите, холанѓаните, полјаците па грците.
Споредбено со истиот период лани бројот на странските гости е за 9,9 отсто поголем, додека пак бројот домашните туристи во јули годинава во однос на 2013 година е намален за 3,9 %, а бројот на ноќевања е намален за 7,0%
Вкупно гости во земјава според статистиката на Државниот завод,од Турцијa дошле 6913, од Србија 5. 742, Холандија 4.067, Полска 3.744 и …
Основна цел на оваа мерка на Министерството за економија на Република Македонија е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во Република Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа.
Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели) кои се лиценцирани и се во туристичките центри во Република Македонија и туристичките агенции со А Лиценца.
За пријавување на интерес угостителските објекти за сместување (хотели) и туристички аг…
Tурски новинари од познатиот медиум Румели се во посета во Охрид. Тие подготвуваат материјал за документарна емисија со која сакаат да воспостават Мостови на пријателство помеѓу двете земји. Целта е луѓето кои некогаш се отселиле од Македонија во Турција да погледнат колку напреднале местата во кои некогаш живееле нивните предци вели директорот на Кушукавак, Рифат Јакупоглу. Тој веќе 28 години е иселен од Бугарија во Турција и вели дека неговото срце е во Балканските земји.„Има многу луѓе кој што се иселени од овој простор во Турција и затоа што нивните внуците кои што се иселени пред многу…
Албанската страна од Охридското Езеро конечно пред вратите на УНЕСКО. Ова треба да се постигне со реализацијата на проектот за интегрално управување со целокупниот регион на Охридското Езеро со кој треба да се подготви номинацијата на Албанија за статус на заштита на културното и природното наследство, но воедно и рекапитулација на листата на природни и културни вредности од македонска страна. Воедно во рамките на проектот ќе се изготвува и стратегија за развој на туризмот во регионот, односно т.н софт туризам насочен кон максимално искористување на културните и природни вредности за промоц…
Избрано идејното решение за изгледот на новата плажа на Охридското езеро во општина Дебрца. На анкетата објавена од Министерството за транспорт и врски на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно пет идејни решенија за плажа на Охридско Езеро во општина Дебарца, избраното решение добило 56 % од вкупниот број гласови. Плажата во должина од 500 метри се наоѓа во атарот на селото Оровник во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
Според избраниот проект ова мало делче од охридското крајбрежје ќе добие атрактивен лик со модерна и помалку футуристичка плажа во доминантна светло сина б…
Тегнење јаже, скокње во вреќа, борба за седнување на столче и уште неколку традиционални игри, покажаа децата учесници на манифестација Спортски Бон – Тон која денес се одржа на кејот Македонија во Охрид. Целта на проектот е преку традиционалните спортски игри да се врати значењето на детската игра и меѓусебното дружење. Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека децата кои учествуваат во овој проект го согледуваат светот кој е надвор од нивните училници, надвор од компјутерите и новите технологии.„Од реакциите што ги гледаме кај децата навистина на нив им годи да се потестуваат на игрите на ни…
Антивакциналното движење кое кај нас стана актуелно последиве неколку години не е ништо ново. Ако истото во САД беше актуелно пред 15 години, во Европа пред 10 година последниве две години крена голема прашина и кај нас па дури стигна и пред Уставниот суд на РМ . Медиумите, социјалните мрежи и најразличните дискусии на форумите придонесоа за актуелноста. Родителите благо речено збунети. Бомбардирани со дијаметрално спортивни информации. Од оние кои се категорично против имунизацијата до информации кои ја објаснуваат и поддржуваат имунизацијата. Младите родители, одговорите на тие прашања …
Од ЈП Градски пазар денеска со допис одговорија на прашањата кои вчера во прилог во Дневникот на ТВМ беа поставени јавно до директорот Тони Коталески а во врска со работењето на претпријатието. На прашањето колку врабoтени од претпријтието моментално се на принуден одмор, од таму со одговор дека во моментов 8 вработени ја користат можноста за привремен принуден одмор, и тоа 3 лица од администрација, 1 лице наплатувач на паркинг, 2 лица инкасатори на зелен пазар и 2 лица општ комунален работник, и тоа по нивно барање. Претпријатието им излегло во пресрет на нивните барања затоа што отценил…