Сеп 16, 2014

Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември

Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември. Охридскиот регионален одбор на СОНК не го поддржува генералниот штрајк на 29 септември. Тоа е став на членството на регионалниот одбор по претходното изјаснување на синдикалните  организации.  Членството во Охрид брои околу 900 синдикалци , а од регионалниот одбор велат дека повеќето од нив биле против штрајкот или немале кворум за работа. Од 21 организација колку што ги има во регионот,  13 синдикални организации се во образованието, 4 во културата, 3 во високото образование и една во детската градинка. Само една од ови…

Сеп 16, 2014

Нема доцнење со почетокот на дневниот престој во охридските основни училишта-тврдат директорите

Нема доцнење со почетокот на дневниот престој во охридските основни училишта-тврдат директорите на повеќето основни образовни установи. Родителите пак на дечињата реагираат дека почетокот на дневниот престој не се поклопува со почетокот на учебната година поради што како што велат тие се приморани да се снаоаѓаат како знаат и умеат за згрижување на нивните деца. Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоноски појасни дека причината за непоклопувањето се состои во процедурите за пријавување на заинтересираните родители за продолжен престој и назначувањето на наставен кадар кој ќе ги опслужу…

Сеп 16, 2014

Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид

Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид. Покрај штетата која ја предизвикуваат овие штетници имаат и епидемиолошко значење, бидејќи се преносители на околу 40 различни болести кај човекот дали дирекно или преку вектори. Според Законот за заштита на населението од заразни болести за дератизација на населбите и околината е надлежна Општината, со стручна и техничка помош на Центарот за јавно здравје. Како и лани така и оваа година, но овој пат еден месец порано, на 25-ти и 26-ти септември, ќе се изведе системска дератизација од страна на ЈП „Нискоградба“ на 3000 шахти во…

Сеп 16, 2014

Ќе се уреди вечното почивалиште на Д-р Елена Kаваева

Охрид се одолжува на д-р Елена Каваева. Нејзиното вечно почивалиште доби старател, односно Локалната самоуправа на општина Охрид. Истовремено ЈП „Градски Гробишта“ со средства од нивниот буџет, веќе отпочна со средување на нејзиното гробно место, како што изјави првиот човек на ЈП Зоран Симоноски.„Ние пред неколку дена добивме барање за постапување од Локалната самоуправа односно од градоначалникот Бакрачески, по кое што барање ќе постапиме тоа барање е поткрепено со одлука за преземање на старатрелството на вечното почивалиште на Др Елена Каваева. Старателството врз тоа гробно место го пре…

Сеп 15, 2014

Убавините на Охрид презентирани во црквата Св.Ѓорѓи во градот Визмар, Германија

  Охрид промовиран на начин кој градот не го чини ниту денар и за кој Горан Мицкоски од секторот за туризам и локален економски развој вели дека треба да стане пракса која локалната се повеќе ќе ја користи во иднина. Станува збор за промотивни материјали од Охрид, кои делегацијата од градот Визмар, ги доби од секторот за ТЛЕР при нивната посета на Охрид. Со нивното враќање во Германија,материјалите биле изложени на посебен штанд во црквата Св.Ѓорѓи во градот Визмар, Германија. {loadposition content9}

Сеп 15, 2014

Уметниците од земјава добија прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливите групи

Уметниците кои работат или сакаат да работат со ранливи категории од денес добија прирачник за употреба на уметноста во работа со ранливите групи. Прирачникот денес беше промовиран како завршна активност од проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува“. Според проект координаторот, Јасмина Билаловиќ, целта на прирачникот е да се прикажат постоечките практики на употреба на уметноста во работа со ранливи групи, но и да се даде една поширока теоретска рамка за сите уметници кои работат или сакаат да работат со ранливите категории. „Прирачникот е еден од финалните продукти на…

Мај 26, 2021

Понеделник 59 та седница на Советот на општина Охрид

За крајот од овој месец свикана педесет и деветтата седница на Советот, на Општина Охрид. Во понеделник со почеток во 11 часот во големата сала во зградата на Општина Охрид градските советници ќе треба да се прозинесат по 37 точки на дневниот ред за ова закажано издание на седницата на совет. На дневниот ред на ова издание од седницата, градските избраници треба да одлучуваат во врска со реализацијата извештаите за реализација на програмите од наразлични сфери од општественото живеење во нашиот град, како и по извештаите oд работењето и остварените резултати на јавните претпријатија за први…

Сеп 15, 2014

Августовските сметки за струја, шок за граѓаните

Августовските сметки за струја, шок за граѓаните. Многу од нив ги изненади сумата која треба да ја платат за потрошена електрична енергија која е речиси двојно повисока од месеците јуни и јули. Од ЕВН велат дека нема место за загриженост  бидејќи пракса на оваа компанија е неколку пати годишно да доставува паушални сметки. Тоа се прави и во месец август поради годишните одмори кога најголем дел од граѓаните не се во своите домови, па инкасаторите не можат да им ги прочитаат броилата. -Следниот месец состојбата ќе биде порамнета, а корисникот ако сака и сега може да добие корегирана сметка с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top