Сеп 20, 2014

Фонтаната во охридската чаршија полна е со алги и смет

Фонтаната на градскиот плоштад „Крушевска Република“, се претвора во жабурник и место каде несовесните граѓани го одлагаат сметот. Покрај оваа фонтана секојдневно шетаат охриѓани, бројните туристи и екскурзијанти.  Скоро и да нема организирана група на туристи која во својата агенда за разглед на градот го нема овој плоштад и чинарот. За жал многу често тука ги пречекува и една неприајтна гледка на неисчистената фонтана.„Фонтаната не се одржува на потребното ниво, ужасно е нечисто, не се одржува хигиена, инаку фонтаната прекрасна е за плоштадот но не е одржана и треба да се чисти инаку град…

Сеп 19, 2014

Почнаа да функционираат двете дисперзирани спортски паралелки

Почнаа да функционираат двете дисперзирани спортски паралелки. Министерството за образование заедно со Спортаската академија од оваа учебна година отворија една паралелка за фудбал и една за ракомет во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“. Голем број дечиња се определија своето средно образование да го продолжат токму во овие паралелки, но само триесетина од нив беа избрани од селекторите.Во паралелката за ракомет има десет деца, а во паралелката за фудбал има дваесет и пет.Интересот беше голем но критериумите низ кои поминаа децата беше многу ригорозен. Поминуваа низ три фази, се…

Мај 26, 2021

Охриѓанец нападнал сограѓанин на „Туристичка“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.– Тој, на 16-ти мај 2021 година, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нападнал сограѓанин по што, го оштетил неговото патничко моторно возило, информираат од СВР Охрид.

Сеп 19, 2014

РК Охрид подготвен за супер лигата

РК „Охрид 2013“ на само еден ден пред почетокот на ракометната супер лига за мажи, подготвен е за успешен старт. Димитар Спасески претседателот на клубот во име на Управниот Одбор кажа дека главната цел минатата година била остварена, односно обезбедиле опстанок на клубот во рамки на супер лигата. „РК Охрид 2013 АД“ оваа година влегува со поголеми амбиции од минатата година како резултат на тоа зголемен е буџетот од страна на локалната самоуправа и бизнис заедницата која го поддржува клубот. И сакма да изразам голема благодарност до градоначалникот Бакрачески и Локалната самоправа и секако …

Сеп 19, 2014

Абас Цаноски со автентични записи од минатото

Носталгијата по едно минато време влијаела стружанецот Абас Цаноски да ги напише трите нови книги „Сите мои песни“, „Струшката чаршија, еснафите, песната“ и „Низ виорот на животот“. Пишувањето е неговиот живот, а желбата да ги оживее настаните од минатото за да не паднат во заборав,  резултирала со новите изданија. Секоја од трите книги има свое значење и кажување за секое време, вели авторот.„ Се задржав на настаните актуелни во тоа време кое одминало. Еден од настаните е свадбениот обичај кај муслиманите од Октиси кој денес е отпаднат , а бил актуелен во минатото. На пример бричењето на з…

Сеп 19, 2014

„Две солзи“ спогодбено иселено од Градските гробишта

Приватното погребно претпријатие  „Две солзи’’кое до денес користеше простории во објектите на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“, претпладнево се исели од просториите.Претходно ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ и „Две солзи’’ потпишаа меѓусебна Судска спогодба со која прекина судскиот спор кој ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ го покрена против ова претпријатие , и истото се исели од просториите, извршено е примопредавање на просториите , потпишан е адекватен записник променети се бравите на просториите.Согласно спогодбата приватното погребно претпријатие на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ ќе мора да му ја измири наемнината и за деветт…

Сеп 19, 2014

Во Охрид денес одбележан Меѓународниот ден на мирот

Во чест на овој светски празник, Сојузот на борците на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, денес го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото.Животот во мир е придобивка која никако не треба да ја сфаќаме здраво за готово. Денес во пресрет на Меѓународниот ден на мирот Сојузот на борците на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото. Гоце Ѓоргиески – Претседател на Охридскиот Сојуз на борците од НОАВМ истакна дека  правото на мир е од огромна важност особено во денешно време кога гледаме како…

Сеп 19, 2014

Во сабота ќе се подига кабаст отпад во У.З. „Биљанини извори“

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 20.09.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 8,,Билјанини Извори“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top