На ден 01.10.2014 година во 12 часот во хотел Инекс Горица – Охрид , Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, главниот извршен директор на ОДВ Електрик, Лудвиг Батон и Огнен Цубалевски, извршен директор на компанијата ОДВ Електрик регистрирана во Македонија, ќе одржат прес конференција.Тема на прес конференцијата ќе биде запознавање на јавноста со активностите околу реализацијата на инвестицијата на компанијата ОДВ Електрик во Македонија. {loadposition content9}
Охридските ракометари на домашен терен го совладаа вториот тим на Еурофарм Пелистер со 24-21, во 12-то коло од плејофот.Голманите Брауновиќ и Даниловски беа на висина на задачата, а меѓу стрелците се истакнаа Мартин Манасков и Николче Ристески со по четири погодоци и Димитриески и Николов со по три. „Гладијаторите“ се шести на табелата со 12 бодови.Оваа сабота во салата „Тодор Александров“ ќе се одигра „езерското“ дерби со Струга.
Многу забава, многу дружење, а по малку и трчање и фудбал на Меморијалниот медиумски фудбалски куп.
16ина новинари, монтажери, камермани, водители, сопственици на медиуми, поделени во два тима, вчера одиграа фудбалски натпревар во чест на своите колеги Петар Алексоски од Телевизија ТВМ, Наумче Аврамоски-Ди џеј Бруце, Влатко Пантоски-Ди џеј Пантер од Супер Радио и Јован Слатинец-Ди џеј Мравка, кои оставија белег во охридската медиумска сцена, а кои прерано не напуштија.
Натпреварот беше приказна сама за себе, и тоа забавна приказна. За почеток, посебно отпечатените маички со имињата на учесн…
Мал број на приватни станоиздавачи од мал обем поднеле барaње за субвеционирање на туристичката такса, информираат од ТЛЕР. Во месец јули кога бил првиот рок за пријавување на субвенциите од уплатената туристичка такса за првите шест месеци од 2014 година до Комисијата пристигнале 20 -тина барања, напоменува Ѓоко Апостолов од овој сектор. „ Со оглед дека е нова мерката, очигледно е луѓето не се добро информирани. И покрај тоа што во медиумите ги информиравме и потестивме дека тече рокот за пријавување на субвенциите, сметам дека бројот на пријавените е мал. Но, станоиздавачите доаѓаа…
Трета среќа. Оваа локална власт по трет пат во година и половина ветува дека граѓаните кои го користат градскиот превоз ќе добијат пристојно место за чекање. Во повеќе наврати пишуваваме дека автобуските постојки низ градов се во очајна состојба и дека охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо по што Локалната ветуваше дека за брзо овој проблем ќе биде решен. Последното ветување дадено во јуни беше дека со почетокот на летото Охрид ќе добие современи постојки. Летото помина, но со старите постојки. Сега Локалната со ново ветување.-Изготвена е тендерската документација и …
Филмската драма „Џо“ на режисерот Дејвид Гордон Грин со актерот Николас Кејџ ја толкува главната улога, од среда, 01-ви октомври 2014 година ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Станува збор за филмска адаптација на романот на Лери Браун од 1991 година во која покрај Кејџ, играат и актерите Тај Кајл Шеридан и Рони Џин Блевинс.Филмот ја раскажува приказната за поранешниот затвореник Џо Ренсом кој настојува да избегнува неволји по секоја цена, но не успева во тоа. Тој е човек што се однесува непоправливо несовесно кон жените и своето куче, сек…
Утре, со почеток во 11.30 часот ќе се одржи 29-та седница на советот на општина Охрид.На 29-то издание на седницата на Советот, советниците ќе се најдат извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија, годишните извештаи и предлог програми за работа на образовните установи, предлог одлуката за измена на распоред на средствата во Буџетот на општина ЕЛС Општина Охрид 2014 година, за субвенционирање на трошоци за комунални услуги како и низа предлог одлуки од областа на урбанизмот. {loadposition content9}
Дебарско кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 30ти септември, во катедралниот храм св.Софија, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на светите маченички Софија, Вера, Нада и Љубов, со почеток во 9 часот. На неа ќе чиноначалствува неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско кичевски г.Тимотеј.А пригодна верска свеченост традиционално ќе се одржи и во капелата во месноста Лагадин посветена на Вера, Нада, Љуба и нивната мајка Софија, со почеток во 14 часот и 30 минути. {loadposition content9}