Во текот на изминатото деноноќие (18/19.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 683 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Охридскиот режисер Илија Пиперкоски доби две нови признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) за неговиот најнов филм „Дедо и внук“ од 4-th Dimension Independent Film Festival и на TIFF – Tagore International Film Festival во категоријата за најдобри наративни играни филмови.
„Ваквите приказни го прават светот поубаво место за живеење“, потенцираат од 4-th Dimension Independent Film Festival.
Наградата доаѓа во време кога со премиерата на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина, и официјално започна светската пр…
Започнаа градежните активности за комплетна реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“ до пресекот со улицата „Прва Македонска ударна бригада“ кај „Стобекс“.
При денешната теренска посета на улицата, градоначалникот Константин Георгиески потенцираше дека ова е уште еден од низата значајни инфраструктурни проекти, кои оваа година се реализираат во Општина Охрид.
– Оваа улица долги години наназад беше во многу лоша состојба и претставуваше навистина голем проблем за жителите на населбата “Видобишта”. Нејзината реконструкција беше еден…
Владата даде зелено светло за апликацијата за номинирање на Охридско Езеро и Студенчишкото блато за место во Светската Рамсар Листа. Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе треба да отпочнат постапка за да достават апликација за номинирање на Охридско Eзеро до Секретаријатот на Рамсарската конвенција. Влатко Трпевски, раководител на секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, за ТВМ изјави какво е значењето за Охридското Езеро ако се најде на Рамсар листата заштитени подрачја. „Впишув…
Во текот на изминатото деноноќие (17/18.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 725 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Со финансиска поддршка на Општина Охрид се реновираа санитарните јазли во новата зграда од ОУ „Григор Прличев“ каде предметна настава следат ученици од шесто до деветто одделение.
Училишните тоалети се молерисуваа, поставени се нови плочки, ВЦ школки и акцесоари. Во зградата во тек е промена на дограмата на приземјето , а нови прозорци веќе се поставени на првиот кат.
Изминатиов период беа молерисани училниците и останатите простории во старата училишна зграда.
Владата донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природа, со што МЖСПП ќе може да ги започне постапките за прогласување согласно законските процедури.
Министерот Насер Нуредини информира дека Владата го разгледа и прифати апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридско Езеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа.
Со тоа, Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе може да ја започне постапката и да го достави апликационото…
„Охридски пливачки легенди“ е насловот на документарниот филм посветен на Нико Нестор, Климе Савин, Дики и Атина Бојаџи, 4 -та најдобри охридски пливачи во дисциплината маратон, вели авторот Љупчо Паункоски. Се надевам дека филмот ќе придонесе младите да се занимаваат со овој спорт и да се врати пливачкиот сјај на градот. Филмот е направен за 4ца кои потекнуваат од нашиот град и кои со своите достигнувања треба да останат засекогаш запаметени, вели Паункоски. „Се работи за извонредни пливачи кои во своето време го преставува нашиот град и држава, не само во границите на тогашна Југословија …