Окт 20, 2014

Извидништвото е начин на живот и филозофија, откриваат охридските „бронзени“ извидници

Филип Ѓорѓиески, Николче Костоски, Петар Танаскоски и Дарко Митаноски освоија бронзена медалја на републичкиот натпревар  за извидници. Ова е прв медал за извидничкиот одред Пионер и голема мотивација за понатамошната работа. Во конкуренција од 14 екипи во машка категорија екипно, во Македонија охриѓаните го освоија третото место. За нив тоа е голем успех затоа што во силна категоријаи само со 2 години работа во извидничкиот одред  покажаа одлични знаење во прва помош и заштита, ориентација и бивак- градење на засолништа.„ Вложивме многу напор, искрено не го очекуваме тоа место и пласман, н…

Окт 20, 2014

Професијата готвач кај нас не е доволно ценета професија

Младите се помалку ја избираат како свое занимање професијата готвач и не ја ценат доволно. Повеќето од нив  не се однесуваат сериозно кон професијата иако  ја избрале да ја изучуваат. Тоа не е  случај со средношколците  Џемил Јакупоски од Дебар и охриѓанецот Илјаз Ибраими, кои се дел од угостителското училиште,  во трета година на смерот готварство во Ванчо Питошески.  Тие ги откриваат своите  причини за изборот готвач. Велат интересна им е професијата, сакаат да ракуваат со храна и  сакаат понатка да се реализираат во неа. „ Говењето за мене е иднина, пробав да готвам ми се допадна“, рече…

Окт 20, 2014

Основците и пожарникарите

Учениците од трето одделение од ОУ „ Григор Прличев“ денес имаа можност поблиску да се запознаат со професијата пожарникар и начинот на гаснењето на пожарите. Тие заедно со пожарникарите практично ја изведоа постапката при пожар во училиштето, научија дека чадот секогаш оди нагоре и дека при пожар, секогаш, без паника треба да се движат наведнати или со клекнување. Учениците беа воодушевени од демонстрацијата на пожарникарската опрема и личната заштитна облека и се интересираа кои се начините за гаснење на огнот. На учениците им беше објаснато дека при пожар или друга опасна ситуација можат…

Окт 20, 2014

Остеопорозата во стоматологијата

Во рамки на своите активности од здравствено-превентивна дејност, а по повод Светскиот ден на борба против остеопорозата, 20 Октомври, Црвен крст Охрид  организира предавање на тема ОСТЕОПОРОЗАТА – ЗНАЧАЕН ПРОБЛЕМ ВО СТОМАТОЛОГИЈАТА. Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест е намалувањето на нивото на естрогените хормони, кај жените, одн…

Мај 31, 2021

Ресенчанец нападнал жител на Лескоец

На 30-ти мај 2021 година, во 18:20 часот, во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на лице од Ресен врз 23-годишник. од истото село.– Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Окт 20, 2014

Кривична за охриѓанец кој вршел тешки кражби

СВР Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „Тешка кражба“ и едно дело „Кражба“, поднесе кривична пријава против 24 годишен охриѓанец. Во пријавата е опфатена и 18 годишна девојка од охридското село Велгошти по основ помагање на сторител во извршено кривично дело.Пријавениот С.А. кривичните дела ги извршил во текот на изминатите два месеца во различни временски периоди. Користејќи подесен алат и физичка сила, тој ги кршел бравите од влезните и балконските врати на становите и куќите во Охрид по што одземал пари, златен накит, мобилни телефони и други вредни п…

Окт 20, 2014

Одлични резултати на охридските извидници

На Државниот извиднички натпревар, викендов  се одржа во с.Голозинци, општина Чашка во организација на Сојузот на извидници на Македонија, извидничкиот клуб „Пионер“ од нашиов град, постигна одлични резултати освојувајќи  го третото место во машка конкуренција.На натпреварот извидниците од целата земја имаа можност да ги покажат своите вештини од областа на ориентација во простор, топографија, подготовка на храна во природа, изработка на времени живеалишта, животни вештини и др. Извидниците од „Пионер“ покажаа исклучителна умешност и знаење, што им го донесе бронзеното одличје.Од извиднички…

Окт 20, 2014

Патоказите во Охрид повторно мета на вандалите

Несовесни поединци и натаму продолжуваат да ги кршат информативните патоказите низ градов. Викендов пристигнаа фотографии од граѓанин на Охрид кој  ги регистрирал уништените патокази кај Гимазијата Св Климент Охридски и на улицата Јане Сандански. Локалната самоуправа постојано апелира до граѓаните да водат поголема грижа за  јавните добра и  доколку видат било каков случај на уништување, веднаш да ги алармираат надлежните инспекциски служби и полицијата.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top