Мај 31, 2021

Употребата на тутун како ризик фактор за смртност во земјава е на трето место

Во Македонија активни пушачи се 46 проценти од популацијата на возраст од 15 до 69 години. Од употреба на тутун како ризик фактор за стапката на смртност во земјава пушењето е на трето место, веднаш зад високиот крвен притисок и хипергликемијата. Како последици од пушењето умираат 4300 пушачи на годишно ниво, информира д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје од охридскиот Центар за јавно здравје. Направените иsтражувања покажале дека по цигара посегнуваат се поголем процент на ученици од помала возраст. Во 2018 и 2019 година Институтутот за јавно здравје напр…

Окт 23, 2014

Бојлер вознемири станари на ул. Галичица во Охрид

Дефект на електрична инсталација ги вознемири   станарите од станбена зграда на ул. Галичица. Во бања откажал  термостат од бољер од каде што избила голема количина на пареа. Вознемирените станари повикале помош од противпожарната единица.  За кратко време интервенирала противпожарната единица,  нема повредени и  материјална штета, информира Спасе Прентоски командир на охридската територијалната противожарна  единица од Охрид.       {loadposition content9}

Окт 23, 2014

Прозор со поглед, живот во тага

Поглед кој секој би го посакувал од својот прозор, но не и животот зад тој прозор, кој крие многу тага. Трочленото семејство Јанкуловски од охридското село Рача, живее на работ на егзистенцијата. Во трошна куќа од само десетина квадрати, овие наши сограѓани секојдневно ја водат битката наречена живот. Вода за пиење со сомнителен квалитет, отсуство на  санитарен јазол и основни елементи од покуќнината  се само дел од проблемите кои го мачат ова семејство. Богоја Јанкулоски, некогаш вработен во градежната фирма „Бетон“, а денес поради здравствените проблеми корисник на социјална помош, со сол…

Окт 23, 2014

Општина Охрид го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Општина Охрид со свечена академија го одбележа Денот на националната борба 23 Октомври. На академијата обраќање имаше охридскиот градоначалник кој потсети на минатото на македонскиот народ и борбата за национална слобода.     „ Со огромна почит кон минатото и јасен поглед кон иднината, се собравме вечерва заедно да го зацврстиме континуитетот на 23-ти октомври- Денот на македонската револуционерна борба. Датум кој ги бранувал и вечно ќе ги бранува срцата на сите Македонци како симбол на вековната борба за слобода. Горди на визијата, храброста и пожртвуваноста на основачите македонскат револ…

Окт 22, 2014

Охриѓанец на велосипед стигна до Белград да ја следи воената парада

На велосипед по дожд, магла и сонце, охриѓанецот Илија Костоски, традиционално секоја година вози до Ниш со цел да присуствува на 14 октомври Денот на 63 тата падобранска единица. Но годинава Илија ја продолжил својата рута. Тој годинава со велосипед отиде до Белгарад за да присуствува на воената парада и во живо да ги види воздушните акробации на славните руски стрижи. Се протекло според предвидениот план, односно после 4 и пол дена патешествие на велосипед Костоски издвои еден момент кој кај него предизвикал посебни импресии.„На самиот марш и на говорот на Путин падна најголемиот дожд, и …

Окт 22, 2014

Перфектно италјанско еспресо со вкус на лешник и на печено лепче

Во Охрид од неодамна може да се пие перфектно италјанско еспресо какво што се подготвува во светот. Дваесетина баристи од регионов четири дена беа на специјални обуки во кафе академијата во Скопје и здружението на баристи  за да ги научат тајните на овој занает. Подготвувањето на кафе и неговото служење преставува цела наука и овај топол напиток без кој многумина не можат да го започнат денот треба да биде подготвен до перфекција. Душко Петровски, еден од баристите кој ги посетувал овие обуки, а кој денес во кафе терасата „Аквариус“ доби и сертификат за тоа, вели дека десетина години работи…

Окт 22, 2014

Кривична пријава за албански рибокрадец

Еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца. На трети овој месец околу 9 часот, заедничката патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ со полициски службеник од албанската езерска полиција, го забележала  А.З. (47) од Поградец на околу 50 метри илегално навлезен во македонските територијални води  при незаконит риболов. По консултација со јавниот обвинител од А.З. одземени се  4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми, 20 пластични шишиња со по 6 блинкери и друга рибарска опрема, …

Мај 31, 2021

Плажата Лабино подготвена за летната сезона

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ заедно со жителите на Стар град и членови од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „ 5 до 12“ од Охрид, викендов работеа на расчистување на плажата Лабино од разновиден отпад. Во акцијата се отстрануваа трње, коров, бршлен и останати ниско стеблести растенија. Се средуваа и крошните од дрвјата. Отпадот со чамци се транспортира до река “Грашница „ од каде се подига од службите на ЈП „Охридски Комуналец“. Плажата „Лабино„ најмногу е посетувана од локалните жители од стариот дел на градот и во изминативе години беше една од ретките сло…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top