Новоформираното здружение „Мозочен удар“ ја организира досега најголемата акција од своето три месечно постоење. Утре на градскиот плоштад од 11 до 14 часот сите граѓани на Охрид кои сакаат да се прегледаат и да го дознаат својот статус за ризикот од мозочен удар ќе добијат бесплатни едукативи совети и здравствени прегледи. Др Маја Божиноска Смичоска, невролог во Специјалната болница „Св Еразмо“ вели дека нивното здружение делува во насока да го свртат вниманието на граѓаните за превенцијата од мозочен удар.„Во нашата акција утре ќе имаме тим лекари и медицински персонал, ќе се вршат компле…
Засебно здружение формираа пензионерите од општина Дебрца. Сисое Иваноски е новиот претседател на Здружението на пензионери на Дебрца. Со основачкото Собрание тие се издвоија од Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца. Иваноски кажува дека претходно спровеле анкета со пензионерите од нивната општина. Над 70 проценти од анкетираните жители дале согласност да се издвојат од досегашното здружение на пензионери. Иваноски ги наведува и причините за ваквата одлука.„ Имаше незадоволство од екскурзиите кои ги преземаше здружението во Охрид. Нити еден наш пензионер не беше известен за екскур…
Од Фондот за ПИОМ во Скопје и после десет дена од барањето одговор за поставувањето на двојазични табли во ПЕ на Фондот во Охрид, без никакво објаснување. Лицето за односки со јавност Анифе Метај кое ни беше посочено како стручно лице кое може да ни одговори на прашањата во врска со поставените табли на македонски и албански јазик пред канцелариите на оваа институција во Охрид, првично уште на 15 октомври ни вети одговор. После низа незуспешни обидида стапиме во било каков контакт со службите на Фондот, денеска Метај не информира дека нашите прашања се испратени до директорот на Фондот Бе…
Идните возачи и нивните инструктори под будното око на камерите. Во новиот предлог Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата предвидено е до 2017та година сите Авто школи во државава да вградат камери во училниците и во возилата со што ќе се снимаат теоретските и практичните часови. Оваа новина не само што финансиски ќе ги оптовари авто школите бидејќи една таква камера чини околу 2000 евра, туку создава дополнителен стрес и кај кандидатите и кај инструкторите. Тие цело време додека се на предавање или додека возат ќе бидат сконцентрирани на камерата, а не на часовите, велат сопстве…
Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните. 25ти октомври е европски ден на граѓанските права кој се одбележува во сите држави во Европа, а целта е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното функционирање.Денес им се овозможува средба на сите граѓани заинтересирани преку непосредни контакти да остварат прием и да се запознаат со работењето на основниот суд во Охрид, вели Милчо Клишески, претседателот на основниот суд во Охрид.Претседателот на охридскиот суд е задоволен како истиот функционира и нагласува дека се повеќе се трудат да бидат трансп…
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со чистење и уредување на дел од крајбрежјето во потегот на месноста „Лагадин“, каде што претходно се работеше на отстранување на бесправните објекти.
Денеска се изведуваат активности за отстранување на поситни остатоци од бетон и други градежни материјали, а се врши и уредување на дивата вегетација и кастрење на дрвјата.
На овој потег во текот на наредниот период, планирано е да бидат засадени и нови садници на дрвја.
Минатата седмица екипите на ова јавно претпријатие беа ангажирани и за хортикултурно уредување на потегот на плажата „Горица 3“…
Југозападниот плански регион не функционира. Од ноември, мината година, 9 -мината градоначалници од Југозападниот плански регион не се сретнале во Советот на градончалници. Претседавачот на Советот, струшкиот градоначалник Зијадин Села тврди дека овој југозападен регион функционира само на хартија. Градоначалниците не се заинтересирани и нема кворум за работа, вели Села. Од конституирањето во 2013 година не е одржана ниту една средба, додава првиот човек на Струга. Зошто неговите колеги не се присутни во Советот, Села проблемот го лоцира кај финансиите. „Изгледа немаат интерес, како…
Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, насочени кон советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар. Настанот ќе се реализира на Градскиот плоштад Климент Охридски, на 26.10.2014 (недела) од 11-14 ч., каде сите з…