Народот во Македонија е се посиромашен, а партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ е се побогата, обвинуваат охридските социјалдемократи. Томислав Тунтев претседателот на партијата на денешната прес конференција обелодена дека атрактивната локација во центарот на Охрид, односно новиот простор на ВМРО – ДПМНЕ чини над 300 000 илјади евра, а јавноста била штуро информирана дека новите простории се купени со сопствени средства на партијата. Па од таму прашуваат како владеачката партија успева да се богати и луксузира, кога партијата на Никола Груевски во 2011 годин имала долг од 3,5 милиони евра а само…
Адора Инженеринг, како единствена компанија од Македонија, денес во Париз, Франција, ја доби престижната Интернационална европска награда за квалитет од Клубот на глобалните бизнис и трговски лидери на свеченост во присуство на 150 бизнисмени од пет континенти во светот. За генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ова меѓународно признание е уште една потврда дека и светот го препозна и вреднува успешното работење на Адора Инженеринг и бизнис филозофијата на овој градежен бренд насочена кон совршенство во квалитет на глобално ниво, како суштинска основа за создавање на конкурентни п…
Денес има прекин во водоснабдувањето на улиците „Радојца Новичиќ“, „ 28-ми Април“, „Кленоец“, „улица 130“, селата Лескоец и Лакочереј, информираат од МЈП Проаква Водовод Охрид.Причина за прекинот во водоснабдувањето е настанат дефект на главна водоводна линија, а водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот, односно околу 17 часот.Поради дефект на водоводна линија , во од 8.30 до 13 часот ќе има прекин во водоснабдувањето и во населбата Елешец.Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектите.{loadposition content9}
Власта и опозицијата во Охрид за прв пат се обединија и тоа против Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, реагираат од ОО на Црвен крст на денешната одлука на градските советници да не се поддржи Планинската спасителна служба како би била оддржлива.
Во продолжение соопштението за јавност на Планинската Спасителна Служба во целост.
И покрај стотиците успешни интервенции во изминатите 19 години, и покрај огромните жртви на волонтерите кои го ризикуваат сопственото здравје и живот за да го ублажат страдањето на другите, и покрај силната поддршка од Европската Унија и пи…
Нова туристичка понуда во градов. Охридските рекреативни риболовци се подготвуваат за организирање на риболов со кајак по Јадранскиот слив почнувајќи од Охридското Езеро, преку Црн Дрим, Дебарското Езеро, Албанија, езерото Фрејза, па се до реката Бојана. Оваа идеја на спорското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци. Радован Димитриески-претседателот на ова риболовно друштво вели дека неопходна им е помош за реализација на оваа идеја.
Ние само можеме да ја извршиме услугата како водичи, а се друго треба да го …
Голем број велгоштани и охриѓани денес го посетија манастирот Св Петка. Со свеќа и молитва се поклонија пред иконата на светицата. Верниците кои овој ден го слават како семејна слава осветуваа леб. И покрај ладното утро голем број на верници дојода во Св. Петка. Цвета од Охрид вели дека на овој ден често доаѓа во манастирот. Доаѓа почесто на литургиите во петок, но задолжително на Петковден, на Свети Петка во месец август и на источен Петок. Се молиме за здравје, палиме свеќи, а црквата од пред неколу години дава и ручек, вели охриѓанката Цвета. Со Божествената литургија во мнасторот …
Прва среќе за Валентина Адамова. Таа годинава за прв пат учествуваше на манифестацијата „Тортијада“ и за својата креација „Морски брег“ во категорија на аматерки ја освои првата награда. „Клавир торта“ од хотел Белведере го освои првото место во категорија професионалци. Женскиот центар „Бисера“ по 19ти пат ја организира манифестација „Тортијада“. Натпреварувачките беа поделени во две категории и тоа аматерки и професионалки. Радува фактот што на оваа манифестација се повеќе учество земаат младите жени.Многу млади прават торти и тоа многу интересни креации. И по вкус сигурно се убави но бид…
Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Б.Т. (26) од Охрид. На 6 овој месец во ноќните часови, пријавениот од стан на улицата „7 ноември“ во Охрид одзел 200 евра. Парите ги пронашол откако користејќи го велосипедот се качил на електрично ормарче а потоа на терасата по што со употреба на подесен алат, насилно ја отворил балконската врата и извршил пребарување низ собите. Користејќи штрафцигер и физичка сила пријавениот Б.Т. на 14 месецов успеал да отвори балконска врата и да влезе во куќ…