Екипи на ЈП Охридски комуналец од денес започнаа да го средуваат просторот кај спомен- обележјето посветено на Коста Абраш на истоимената улица. Најпрво целиот потег околу спомен обележјето ќе биде соодветно исчистен,ќе бидат санирани бехатон плочките коишто се уништени а потоа парк- просторот ќе биде соодветно хорти културно уреден. Оваа акција на Секторот за комунален развој и ЈП Охридски комуналец произлегува од директните политики на Градоначалникот Никола Бакрачески и Општината за достојно прикажување на богатото локално историско минато пред туристите коишто го посетуваат градот.Н…
Општина Дебрца организира обука за локални водичи, во рамките на проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – Conse-pp“, со цел зголемување на свесноста и знаењето за биодиверзитетот во рамките на Белчишко Блато.
Проектот е финансиран од програмата за меѓугранична соработка, Interreg IPA-Cross Border Programme Greece-Republic of North Macedonia. Обуката планирано е да се одржи , на 18 јуни 2021 година.
Во автобус на АД Галеб кој сообраќал за Скопје утрово дирекно се судрил автомобил со битолски регистарски таблички веднаш после превојот Стража. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски , во незгодата возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната медицинска помош во Општата болница во Гостивар, бил префрлен во битолската болница.
По налог на јавниот обвинител увид на лице место направиле полициски екипи од ПС Гостивар. Димоски изјави дека можна причина за незгодата е губење контрола на возачот над патничкото моторно возило при што удрил …
Во тек се завршните активности за изградба на мини- плоштадот во населбата Рача. Oд ЈП Градски гробишта, кое е изведувач на градежните активности, информираат дека плоштадот се поплочува со фино обработен гранит, бетонски и бехатон плочки, по што централниот дел ќе биде соодветно хортикултурно уреден.На плоштадот ќе биде поставена и фонтана, за која ЈП Водовод- Охрид веќе има обезбедно водоводна инсталација.Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид упатуваат апел до урбаните и месните заедници на подрачјето на општината да доставуваат барања за вакви или слич…
Општина Охрид, од вчера започна со промена на сообраќајните знаци на булевар „Туристичка“, што се наоѓаат кај пешачките премини.На местото на старите знаци, кои обележуваа пешачки премин се поставуваат нови светлосни знаци. Ваквите знаци ќе се постават по целата „Туристичка“ на сите места каде има пешачки премини.Целта на поставувањето на светлосните знаци е зголемување на видливоста на истите, а со тоа и зголемување на безбедноста на пешаците.Претходно светлосни сообраќајни знаци, беа поставени на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“ кај Комерцијална Банка и на пресекот на …
Започнаа активностите за мерење на енергетската ефикасност на четири објекти во исто толку општини што му припаѓаат на Југозападниот плански регион за кои скопската фирма „Делта проект“ ќе изготви техничка документација која ќе послужи како основа за барање дополнителни средства за решавање на проблемите со губитоците на енергијата. Станува збор за три училишни објекти во населените места Горно Лакочереј, Требеништа и Центар Жупа и зградата во кој е сместена Општина Македонски Брод. По целосното скенирање на споменатите објекти ќе бидат предложени соодветни мерки што ќе треба да се преземат…
Градските избраници ќе носат одлуки за иднината на три капитални проекти за градов . На утрешната 33та седница на градскиот совет ќе се најдат предлог Одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на катна гаража, предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на автобуска станица и предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на дом за стари лица. Што се однесува до проектот за современата автобуска станица од Локалната неодамна изјави…
Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 29-ти октомври, од 10:30 до 13:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улиците „Абас Емин“ и „Охридска“.Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}