Овој знак закачен на дрво, сигурно нема да ве одведе во саканиот правец. Уништувањето на сообраќајните знаци и улични патокази постојано се мета на вандалско уништување. Секторот за комунална дејност и сообраќај при ЛС постојано ги поправа уништените знаци.
Знациите и патоказите во сите делови од градот постојано се кршат, дури и се откорнуваат од бетон, се шкртаат, но најмногу на удар се оние во центарот на градот, напоменува Љупчо Танески раководител на овој сектор.„Најголемо уништување на сообраќајните знаци има во централното градско подрачје. Се случува во доцните вечерни часови, најч…
Поради пад на температурите и најава за натамошно намалување на истите, се известуваат граѓаните дека е потребно да ги заштитат водомерните броила од замрзнување. Доколку настанат дефекти од тие причини, како што е пукнато стакло и слично, истите се наплатуваат од наша страна.Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен покров или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропол).{loadposition content9}
На 31-ви мај 2021 година, во 23:45 часот во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир со физички напад извршен од страна на 52-годишен маж од охридското село Косел врз 74-годишно лице од Охрид.– Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Во рамки на своите активности во делот на здравствено-превентивната дејност, а како резултат на соработката со организацијата The Art of living (Уметност на живеењето), Црвен крст Охрид организира едукативна промоција и презентација на знаења, вештини и техники насочени кон ослободување од стресот и активирање на вистинските потенцијали за работа кај секоја личност.Ги покануваме нашите сограѓани, без оглед на возраста, да ја искористат оваа единствена можност, од искусниот, лиценциран Art of living учител Теодора Костовска, на многу интересен и несекојдневен начин да ја осознаат моќта на п…
Локалната самоуправа привршува со активностите за изградба на фудбалското игралиште со вештачка трева. Станува збор за инвестиција од околу 300.000 евра или околу 20ина милиони денари. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на ова современо игралиште нуди можности за развој на спортскиот туризам.„Се прави со финансиско вложување на општина Охрид и на Фудбалската федерација на Македонија, односно УЕФА кое што ќе биде едно од најдобрите игралишта на вештачка трева во Република Македонија и ќе се создадат услови за она што ние подолго време наназад го најавуваме, а тоа се услов…
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „ неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на опојни дроги“ полициската станица Струга против И.Н. (25) од Скопје поднесе кривична пријава. На шести јули оваа година, пријавениот отворајќи ја пред полициските инспектори предната хауба од неговото патничко моторно возило марка „БМВ“, исфрлил една најлон кеса со опојна дрога марихуана што претходно ја сокрил под хаубата на моторот до филтерот за воздух. Дополнително кај пријавениот во чорапот од леват…
Инфраструктурните зафати кои беа планирани за месец Септемви и Октомври завршија според планираното и предвиденото во годишната програма за работа.Во ПУ,,Дајлан“ заврши реконструирањето на тоалетот, при што старите ,,чучевци,“ кои ги користеа наставниците и учениците беа заменети со wc школкиИсто така во централното улилиште на просторот околу споменикот „Св.Климент Охридски,“ се поставија клупи кои секојдневно се користат од страна на учениците, родителите и месното население.{loadposition content9}
На охриѓани им се блокираат сметките во банките поради неплатени сметки за радиодифузна такса. Граѓаните реагираат дека неплатениот долг не е по нивна вина. Објаснуваат дека сметките за радиодифузна такса не доаѓаат навреме, а додаваат и дека многу често опомените за неплатена сметка стигнуваат многу доцна кога веќе сметката ќе биде блокирана, а многу често опомени воопшто не стигнуваат. Охриѓани прашуваат како ќе им се пребие сумата за наредните месеци на оние граѓани кои веќе ги платиле сметките за радиодифузна такса, а банкарските сметки им се блокирани за истите тие сметки и кој ќе им г…