Општина Охрид, утрово ги подмири обврските на ОУ “Григор Прличев“ кон ЕВН- Македонија за потрошена електрична енергија во износ од 813.439. 00 денари. Струјата во училиштето е веќе вклучена а тоа значи дека наставата продолжува да се реализира во нормални услови, учениците ќе учат во топли и светли простории.Инаку, на вчерашната вонредна седница која беше свикана по иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, со одлука на градските советници, општина Охрид се обврза да го исплати долгот кон ЕВН Македонија што училиштето го има за потрошена електрична енергија.Во изминативе д…
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи со реализацијата на активностите околу расчистувањето на речните корита и канали на територијата на општина Охрид. Службите на јавното претпријатие го чистат речното корито на р.Сушица, на потегот од ул.„Петрино“ до Винарска визба.Расчистувањето на наносите и ниската вегетација, како и расчистувањето на комуналниот и градежен отпад се врши со ангажирање на специјална механизација.Со овие активности ќе се подобри еколошкиот амбиент на ова подрачје, а воедно ќе се превенира евентуалното поплавување на околното земјиште.{loadposition content9}
Влезниците за претставата „Детектор за лаги” за Четврток (20.11.2014) се распродадени!Претставата „Детектор за лаги” од Василиј Сигарев, во режија на Ненад Витанов, повторно ќе биде на репертоар на 27.11.2014. Билетите за истата се веќе пуштени во продажба!{loadposition content9}
Во првите девет месеци од годинава, Секторот за внатрешни работи во Охрид бележи намалување на вкупната стапка на криминалитет.Во овој период, во полициската станица регистрирани се вкупно 698 кривични дела што претставува намалување во однос на истиот период минатата година кога беа евидентирани 704 кривични дела. Намален е бројот и на регистрираните сторители на кривични дела. Во деветте месеци од оваа година регистрирани се 314 а во истиот период лани вкупно 376 сторители на разни кривични дела. СВР Охрид, анализирајќи го криминалитетот по видови, бележи пад на бројката на кривичните дел…
Охридските ракометари беа подобри од Стружани во натпреварот кој се одржа синоќа и заврши со резултат 21-20. Езерското дерби помина во знакот на прерано починатиот голман на ГРК Охрид, Никола Данилоски.
Најефикасни во составот на Охрид беа Николов со пет погодоци и Соколов со четири, а на висина на задачата беше и чуварот на мрежата Брауновиќ.
Со ова „Гладијаторите“ ги завршија натпреварите на домашен терен за сезонава.
Во последното коло ГРК Охрид гостува кај битолски Еурофарм Пелистер.
На Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма што се одржа денес на стрелиштето во поранешната касарна Стив Наумов во Битола, стрелците од СК ,,Охрид“ се закитија со 5 медаљи-две златни, една сребрена и две бронзени.Најголем успех постигна Михаил Шишкоски кој со резултат од 603,7 го собори досегашниот рекорд на Македонија и со тоа стана старо-нов државен првак и рекордер во дисциплината воздушна пушка-сениори. На четвртата позиција во истата конкуренција се пласира Горан Здравески со резултат од 561,9 кругови.Првата позиција кај јуниорките загарантирана за Нина Ба…
Употребата на ветеринарно медицинските препарати во лекувањето на животните и нивното влијание врз храната и здравјето на луѓето ќе бидат главните теми на „Регионалниот семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати“, кој ќе се одржи денес во Охрид.Овој научен собир го организра Светската организација за здравствена заштита на животните ОИЕ и на него ќе учествуваат претставници од 35 земји од Европската Унија и од регионот како и претставници од Регионалните канцеларии на Светската организација за здравствена заштита на животните од Софија и од Брисел.Според најавите, семина…
40.245 евра вредна медицинска опрема ќе биде донирана на Детското одделение при охридската Општа болница од страна на Ротари клубот од Охрид. Станува збор за донација реализирана со поддршка на Ротари фондацијата на Ротари Интернешнл и неколку ротари клубови од Италија, Шведска и Србија. Според најавите, на официјалната церемонија за примопредавање на опремата која денес ќе се одржи, ќе присуствуваат Ружди Муфти, претседател на Ротари клубот од Охрид и Леонардо де Анџелис, претседател на Ротари фондацијата во дистриктот 2072.Набавената нова опрема е од врвни странски производители и се сост…