Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет во врска со списоците со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19 кои се споделуваат на социјалните мрежи.
По допрен глас СВР Охрид испрати известување до Основното јавно обвинителство во Охрид, за да се истражи кој јавно на социјалните мрежи поставува списоци или делови од списоци со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Со месеци месеци веќе на социјалните мрежи се споделуваат личните податоци на заболените лица од Ковид-19 , па списоците кружат на социјаните мрежи з…
Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети.
Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со уште два предмета – информатика и географија, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини, а новина има и за проектната задача која ќе содржи истражувачки дел.
До крајот на годинава матурантите треба да се пријават каков вид матура ќе полагаат – државна мату…
Градоначалникот на Општина Охрид објавува Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита на Општина Охрид за 2022 година.
Од Општина Охрид информираат дека заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2022 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Предлог проектите да се однесуваат на активности од областа на социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош и конкретни активности, …
Поради изведување градежни работи (минирање) на патниот правец Охрид-Кичево, на делницата од „Пресека“ до село Врбјани, сообраќајот денеска ќе биде во прекин во двата правци, информираат од АМСМ.
Додаваат дека сообраќајот на овој патен правец ќе биде во прекин во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути.
Стопанската комора предлага конкретни мерки за преструктуирање на агроиндуструјата во земјава. И покрај тоа што ресорното министерството го субвенционира овој сектор имаме нестабилно производство на пченица, сточниот фонд се намалува, а се зголемуваат увозот на овошје и зеленчук со што Македонија од традиционален производител денес е голем увозник, кажа Васко Ристовски од Стопанската комора на РМ.
„Млечната, месната, винската и мелничарската индустрија се клучни подсектори во агроиндустријата со потенцијал за развој и бизнис секторот има концепирано мерки за развој. Проблемите во изминатав…
ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид денеска пак ја отворија темата за намаленото ниво на Охридското Езеро. Ништо не е спорно – намалениот водостој е факт. И секако не загрижува сите. Но треба здраворазумно да се размислува дека за ова што последниве месеци му се случува не само на Езерото туку и на останатите водени ресурси во земјава, па и пошироко не се виновни ниту СДСМ, ниту градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески, ниту пратеничката Жаклина Лазаревска.
И од ВМРО ДПМНЕ добро знаат дека годинава имаме значително помалку врнежи од дожд и снег . Но , ним и треба само тема преку која ќе може да …
Охридското Езеро е пред еколошка катастрофа поради расипничкото однесување на власта на СДСМ. Водостојот на езерото се наоѓа на 693,09 метри надморска височина што е за 8 см под природниот минимум и 1 см под дозволениот минимум.
СДСМ и пратеничката Жаклина Лазаревска токму од ова место тврдеа дека ако се власт, веднаш би реагирале за нивото на езерото, но еве гледаме дека молчат.
Слика имаат, тон немаат исто како оваа картонска макета со која ја потсетуваме пратеничката Лазаревска што вети и излажа како и за сè друго досега.
Зошто власта дозволува зголемено испуштање на вода во реката Цр…
На 4 локации во градот ќе се поставуваат подземни контејнери. Локалната самоуправа и ЈП „Охридски Комуналец“ започнуваат пилот проект со поставување на подземни контејнери на локации кај Горна Порта, пред ПТТ на Кеј , на раскрсницата помеѓу Даме Груев и Туристичка и на пресекот од улицата Јане Сандански на влезот од улицата Славеј планина. Локациите се внимателно разгледувани и избрани, онаму каде што имаме проблеми со одлагањето на отпадот од страна на граѓаните, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
„Овие подземни контејнери кои ги набавува локалната самоуправа …