Ное 27, 2014

Можни измени на правилникот за безбедност на капалиштата-ќе се применуваат од наредната сезона?

Бројот на спасители и медицински екипи на плажите ќе се одредува според должината на ефективно користената површина од плажата, соодветно обележување на капалиштето односно одредување на зоните на безбедно капење според актуелните европски стандарди. Ова се дел од предлог измените на правилникот за видот и обележување на капалиштата. Релевантни институции, претставници од Министерството за транспорт и врски, и претставници од повеќе локални самоуправи три дена дискутираа за можните измени на правилникот со кој би се подобрила законската регулатива за безбедност на капалиштата.„Вродија со из…

Јун 3, 2021

Наместо кај Гимназијата автобуси ќе се чекаат кај Жито Леб на Туристичка

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ја информира јавноста дека поради изведување на градежни работи, автобуската постојка позади Гимназијата (Бул. Туристичка) нема да биде во функција од 03.06.2021 година до 10.06.2021 година. Наместо неа ќе се користи автобуската постојка кај Жито Леб (Бул. Туристичка).  

Ное 27, 2014

Одбери љубов! Кажи не на насилството!

Насилство во охридското економско училиште. Група ученици од оваа установа денес беа сведоци на вербална расправија помеѓу нивни соученици. За среќа овој инцидент беше само симулација која пред учениците ја демонстрираа активистите од ЖЦ „Бисера“, Охрид. Препознавањето на проблемот на насилството врз жените, девојките и децата е прв чекор кон негово решавање, вели претседателот на Центарот, Наде Мартиноска. Таа нагласи дека денешната импровизирана сцена на кавга меѓу двајцата средношколци е непријатана глетка за сите, па затоа таквата појава треба да се препознае и пријави до надлежните инс…

Ное 27, 2014

СВР Охрид постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби

Секторот за внатрешни работи Охрид деновиве постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби.„Целта е да се обезбеди еднакво право за пристап и еднаква можност за достапност и контакт на лицата со посебни потреби со полициските службеници, навремено излегување во пресрет на нивните барања, потреби но и решавање на одредени проблеми од безбедносен аспект. На овој начин СВР Охрид како сервис на граѓаните практично ја покажа отвореноста и кон лицата со посебни потреби со што настојуваме оваа категорија наши сограѓани, службата да ја почувствуваат како своја и блиска. Поставувањето на прист…

Ное 27, 2014

Времено затварање на патот Кичево-Охрид

Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека денес, 27- ми ноември, во 15 часот поради изведување работи на пат (минирање), сообраќајот на патниот правец Е65 Кичево-Охрид ќе биде во прекин.Ќе се минира во влизина на делницата (Пресека-Врбјани) а сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 30-45 минути.{loadposition content9}

Ное 27, 2014

„Споменикот на Мајкл Џексон“ премиерно пред Охриѓани

Филмот “Споменикот на Мајкл Џексон” (2014) во режија на Дарко Лунгулов, жарн комедија / драма ќе биде поставен на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“, во деновите 9-ти (вторник), 10-ти (среда), 11-ти (четврток) декември 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 100 денари.Приказната во филмот се плете околу еден локален бербер од едно српско село кој доаѓа до идеја да се подигне споменик на Мајкл Џексон да се привлечат туристи од целиот свет. На дел од локалните жители им се допаѓа идејата, а на другите не.{loadposition content9}

Ное 27, 2014

Кривична за службеник на кого му „исчезнале“ 52 барања за приватизација

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Несовесно работење во службата“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.З.Ш.(65) од охридското село Велгошти. Пријавената, во својство на службено лице-советник за првостепена управна постапка во Одделението за првостепена управна постапка-Охрид во Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии, со пропуштање на должен надзор или на друг начин со очигледно несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности,   овозможила  исчезнување на 52 поднесени барања за приватизација.Станува збор за предме…

Ное 26, 2014

Младите од Охрид се едуцира како да го користат правото за слободeн пристап до информации од јавен карактер

Средношколци и студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „ Св. Апостол Павле“,  денес се едуцира како да го користат правото за слободниот пристап до информации од јавен карактер. Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и општина Охрид,  се одржа работилница на оваа тема. На работилницата, претставници од Комисијата ги запознаа учесниците со содржината на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и искуствата од неговата примена. Тие генерално се задоволни како …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top