ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници на 01. 12. 2014 во просториите на училиштето организираше работилници со родителите, наставниот персонал и учениците на кои се изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба. Одзивот на родителите ги надмина очекувањата на организаторите, со што тие потврдија дека се вистински партнери во многубројните активности што ги организира училиштето. Благодарение на креативноста и вештината на учесниците на работилниците, изработени се голем број украсни свеќички, накит од …
Министерството за транспорт и врски го објави Јавниот оглас за изработка на проектна документација за изградба на пешачка патека од охридскиот плоштад до црквата „Св.Јован Канео“ и поврзување со патека до плажата Лабино.Проценетата вредност на проектната документација без ДДВ е околу 19.000 евра или 1,2 милиони денари.Во рамки на делот за видот на договорот за јавна набавка пишува дека се работи за категоријата: Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички сове…
Заинтересираните граѓани барањата за субвенционирање на комунални услуги можат да ги поднесат заклучно со петок , 5- ти декември.Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса – гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно субвенцијата.Барателот на …
Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2014), под мотото “ДА ЈА ПОПОЛНЕМЕ ПРАЗНИНАТА ВО ЗНАЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ХИВ” со низа активности заедно Ќе го одбележат Црвен крст Охрид, ОпцијаОхрид и Центар за јавно здравје Охрид. Предвидено е да се реализираат следните активности:01.12.2014 г. (12:00ч.) – Доверливо советување и тестирање (ДСТ) на Градскиот плоШтад(плато Летница)-можност секој заинтересиран да го дознае својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање на корисни совети од страна на струн…
Во една соба од трошна куќа која е на распаѓање во близина на амбулантата Воска, под кирија живее семејството Хусоски од Охрид. Покрај болеста која се надвиснала над нивното едногодишно дете, кое е категоризирано како телесно инвалидно лице, најтешка форма, тие едвај крај со крај врзуваат со скромната плата која ја зарабтува сопругот Сенат, вработен како метач во ЈП „Охридски Комуналец“.„Со таа плата од 8050 плаќам 4000 денари кирија струја и вода по 1200, мене од таа плата ми остануваат 500 со тие пари што да купам . Немам услови, немам болјер да го искапам детето, немам дрва видете на лад…
Транспарентноста на локалната самоуправа треба да биде многу поголема. Вака сметаат испитаниците кои биле опфатени со истражувањето спроведено од Локалната агенција за развој од Струга, насловено „Каква е мојата општина“. Во ова истражување опфатени биле групи од по пет случајно избрани граѓани како и една анонимна фокус група составена од 5 новинари. Во делот на транспарентноста пред новинарите кои секојдневно работат со информации кои потекнуваат од локалната самоуправа, заклучокот во ова истражување е следниот:„Локалната самоуправа, она што е исто така важно е да воспостават и одржуваат …
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец мај 2021 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 3 јуни 2021 година.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-…
СВР Охрид покрена уште една кривична пријава против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, поради постоење основа за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Портпаролот Стефан Димоски информира дека пријавениот спротивно на законските нормативи вработувал, а тоа го правел без претходно да има соодветни писмени барања од страна на раководителите на сектори и другите организациски единици во рамките на општинската адмистрација.„Пријавениот кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“го направил во периодот од 2008 до 2013 г…