Во Охрид од денес започна акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Градоначалникот Никола Бакрачески, претседателката на советот Гордана Коњаноска, секретарот Димитар Спасески и директорите на јавните претпријатија засадија неколку дрвца на кејот на езерото.Радува фактот што од година во година бројот на заинтересирани лица кои се приклучуваат кон акцијата се зголемува и она што особено треба да се истакне е дека расте свеста на младите генреации за оваа една од позначајните акции на владата, рече градоначалникот Бакрачески.Утре во рамките на акцијата на два хектари земјиште во гра…
Со завршувањето на проектот на UNDP, преку кој една година беа финансирани вработените во центарот, неизвесна беше и судбината на функционирањето на самата установа. Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со попреченост, неизвесна беше судбината на оваа важна установа во нашиов град како и судбината на двете ангажирани лица во неа. Со завршувањето на проектот на UNDP, преку кој се плаќаа надоместоците за вработените, се поставува прашањето кој сега ќе се грижи за оваа установа? Димитар Спасески, секретарот на Општина Охрид истакна дека и градоначалникот и целата локална ад…
Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо. Иако охриѓани со нескриено задоволство дочекаа да профункционира градскиот линиски превоз сеуште мака мачат со тоа што немаат каде да се засолнат кога врне, дува или пече сонце. Неофицијално дознаваме дека и четвртиот тендер кој го распиша Локалната за изнаоѓање најдобар понудувач за замена на старите автобуски постојки, пропадна. Не се пријавил ниту еден заинтересиран. Поставувањето на нови постојки општината оваа година не успеа да го реализира, па овој проект ќе го префрли во програмата за 2015та година. За потсетување Локал…
Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост , „Зраци“ од Охрид веќе дванаесетта година функционира на територијата на општината и во него се опфаќаат адолесценти и возрасни лица со интелектуална попреченост. Сместен во призмените простории на О.У „Братство-единство“ и обезбедува подршка на лицата на дневна основа, обука за усвојување и усовршување на вештини за самостојно живеење, работно окупациони програми, образовни програми и социјални активности за лицата со интелектуална попреченост.Утре на Светскиот ден на лицата со попреченост,во просториите на центарот од 1…
На улицата „Јане Сандански“ во тек е приклучување на повеќе објекти во новата водоводна мрежа и во наредниот период додека трае реконструкцијата на улицата секојдневно ќе има неколкучасовни прекини во водоснабдувањето со времетраење од 09:00 часот до завршување на работите.Од „Водовод“ информираат дека во зависност од потегот каде се работи, можни се прекини и на улиците: „Галичица“ , „Карпош Војвода“, „Мирче Ацев“, „Ванчо Питошески“, „Лазо Трпоски“ „8-ми Септември“, „Асном“ и „Никола Карев“.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда во обид“ Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(36) од Охрид. На 23-ти минатиот месец, пријавениот со неколку убоди со нож во пределот на десната препона и левата надколеница му нанел телесни повреди на Б.Р. од Охрид. Настанот се случил околу 23 часот кога во угостителскиот објект „Ноа“ пристигнал Б.Р. во друштво со неговиот брат и уште неколку пријатели. Забележувајќи го неговото доаѓање, пријавениот И.Р. кој се наоѓал во објектот, веднаш пристапил до нивната маса и веднаш поч…
Филип Србиноски со „Виенскиот начин“ на послужување ја освои наградата лидер на струката. Овој ученик од 3 година во угостителското училиште „Ванчо Питошески“ е добитник на престижната награда со прeзентација на своите вештини и знаења. Србиноски е меѓу ретките ученици кои велат дека и понатака ќе се занимаваат со оваа професија. Ова не е случај со многу негови претходни и сегашни колеги. Одбрав оваа струка да е моја професија, а најголема желба ми е да имам свој ресторан, открива младиот Србиноски. За одржаниот натпревар во Скопје и наградата лидер на струката кажува дека конкуренци…
Нова премиера на охридскиот народен театар. Денеска со почеток во 20 ч во Центарот за култура Григор Прличев, премиерна изведба на претставата „ На дното“ по текст од Максим Горки, а во режија на Кирил Петрески. Претставата се занимава со човекот, во потрага по вистината и борбата за опстанок којашто се случувала во минатото, а која и ден денес сеуште трае. Режисерот Кирил Петрески вели дека претставата е подготвена за релативно краток период и се игра во еден специфичен и мал простор од 50 седишта, односно во подрумскиот простор на центарот за култура. Во тој простор којшто наликува на д…