Во продажба се пуштени картите за претставите со кои „Детектор за лаги“ и на „Дното“ во изведба на актерите на „Народниот театар“ од Охрид.„Детектор за лаги“ ќе се прикажува оваа недела 14.12, додека претставата „На дното“ ќе биде поставена на сцената на Охридскиот театар на 16-ти декември. Почетокот е во 20 часот а цената на влезниците е 100 денари.Билетарата работи секој ден од 10:00 до 20:00 часот.{loadposition content9}
Студенти по гастрономија од охридскиот Факултет за туризам и угостителство освоија две први награди на гастрономскиот фестивал „Палилулско златно грне“ во Ниш. Освоија максимален број на поени во две категории за подготовка на бела рибна чорба без запршка со толчена икра и рибен паприкаш. За подготовката на автентичниот охридски начин на рибна чорба користеле мавровска пастрмка и икра од белвица, а за рибниот паприкаш користеле охридски крап. Ги воодушевиле посетителите со двата специјалитети од риба, а во подготовката на специјалитетите учествувале студентите Христијан Трајкоски и Антонио …
Едно лице се здоби со тешки телесни повреди, односно со повеќе убоди во пределот на стомакот, левата рака и лицето во тепачка случена во домот на 30- годишен охриѓанец на улицата „ Радојца Новичиќ “.Настанот се случил утрово околу 01 часот и 30 минути кога сега повредениот заедно со неговата сопруга пристигнале во домот на нивниот пријател . Сопственикот на куќата на сопругата на сега повредениот и дал бела хартија во која имало бела прашкаста материја на што реагирал сопругот, кој го оттурнал сопственикот на куќата по што настанала вербална меѓусебна расправија. Во обидот да си заминат од …
Од МЈП „Проаква“, РЕ Водовод информираат дека утре во периодот од 8-13 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од Свети Стефан, од „Орце Николов“ до хотелот „Гранит“.Од „Проаква“ објаснуваат дека причина за прекинот е пообемна интервенција на водоводната линија. {loadposition content9}
Утре, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство со почеток во 12.30 часот ќе бидат промовирани рачно изработениот накит од бисер и филигран, спакована традиционална храна и рачно изработен бакар во рамки на проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“.Исто така ќе се изврши и промоција на електронската брошура. Инаку проектот од општина Охрид ,,Младите како носители на културата,традицијата и знаењето во Општина Охрид”, е финансиран од Министерство за култура во областа на креативните индустрии. {loadposition content9}
Сашо Василевски, пратеникот во Парламентот на РМ од Охрид вчера е избран за претседавач на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни потреби, која беше формирана вчера во Собранието на Република Македонија.Охридскиот пратеник во вчерашното обраќање посочи дека негова примарна заложба ќе биде унапредувањето на условите на лицата со посебни потреби појаснувајќи дека со новиот Закон ќе бидат опфатени над 2.000 работодавачи.Василески на вчерашниот состанок на интерпартиската група, потенцираше дека моментално има околу 2.059 работодавачи кои имаат над 35 вработени л…
25 вработени во ЈП „Комуналец“ моментално се на принуден одмор. Следуваат уште два турнуси во месец јануари и февруари кога уште по 25 вработени во ова јавно претпријатие ќе бидат пуштени на 70%. Директорката на „Комуналец“, Елена Скрческа објаснува дека нема место за загриженост бидејќи оваа програма за принуден одмор претпријатието ја спроведува веќе петта година по ред. Причина за тоа е намалениот обем на работа во зимскиот период како и завршувањето на договорите на сезонски вработените. Оваа програма се носи на Управен одбор и сите раководители во претпријатието се запознаени со спрове…
Одговорно и должно постапување, интензивна соработка и координација заради превенирање и спречување на семејното насилство и обезбедување на жртвите, договорија претставниците на СВР Охрид, на центрите за социјални работи од Охрид и Струга, на основните јавни обвинителства од Охрид и Струга,на општина Охрид како и претставниците на невладините организации од Охрид и Струга, на вчерашната работна средба на тема „Превенција на семејното насилство-привремени мерки за заштита и нивна примена“.
Според аналитичките податоци на СВР Охрид опаѓа бројот на регистрирани настани поврзани со семејното…