На десетина дена до истекот на рокот, деновиве е урната уште една атрактивна плажа на брегот на Охридското Езеро, плажата Atlantic Beach во Елешец, јави порталот Ohridpress.com.mk.
Тешката механизација е се’ уште на лице место, каде се расчистуваат разурнатите објекти и инфраструктурата на плажата. На овој потег, се расчистуваа и објектите на плажата пред Авто кампот Елешец, кој е пред плажата Atlantic Beach.
фото: Ohridpress.com.mk
Предновогодишната забава во очи пречекот на 2015 година ќе започне од 22 и ќе трае до 31 декември. Петар Нечоски и охридскиот бенд Камелеон ќе ја загреваат атмосферата за новогодишната ноќ во Охрид, а Нова година на охриѓани и сите останати гости ќе им ја честита Владо Јанески. Раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов на денешната прес конференција информира за сите новогодишни активности.„На градскиот плоштад ќе се одвива богата културно уметничка програма која што во работните денови ќе биде во терминот од 18 до 20 часот додека за викендите од 12 до 18 при што на неа ќе настапат ученици од си…
Времените објекти низ градов дел отстранети, а дел не. Веќе половина година трае акцијата која ја презеде локалната за отстранување на овие градби од времен карактер од атрактивните локации во централното градско подрачје. Дел од сопствениците на времените објекти кои сеуште не се отстранети а кои редовно ги подмирувале давачките кон државата и локалната сметаат дека до тоа воопшто нема да дојде. Некои сопственици пак се на мислење дека поради тоа што објектот континуирано работи нема да биде отстранет. Се тешат дека локалната досега ги отстранила само оние што биле затворени. Други пак се …
На 17.12.2014 година во Приштина се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC). На форумот Главни теми се ефикасното управување со води посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа.На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат кој на Форумот ќе предава за искуств…
„Не сме изненадени од фактот што мала политичка партија во обид за ситни маркетиншки поени втора Новагодина по ред како новогодишна желба за популизам излегува во јавност со не вистинити, не точни, не аргументирани и воопшто законски не поткрепени изјави во однос на процедурата за поставување на лизгалиште на Градскиот плоштад.“„Нас не не’ зачудува непознавањето на законската регулатива од страна на политичките партии сателити на претходната локална власт затоа што доколку навистина ја познаваа правната процедура сигурно ќе му сугерираа на нивниот градоначалник да не прави толку многу правн…
Во петок на 19 демекември, многу православни охридски семејства ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува зборза посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба.Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…Важел за заштитник на целото население и…
И оваа година, традиционално, ЗГ Опција Охрид ќе го одбележи 17 Декември – Меѓународен ден за борба против насилство врз сексуалните работници со низа активности: делење на едукативен материјал, едукативни работилници со целната група и сензитивизирање на општата популација.17 Декември претставува интернационален ден за крај на насилството врз сексуалните работници од целиот свет, со цел да се обрне внимание на криминалните дејства кои се вршат врз сексуалните работници.Идејата е на Др. Ени Спринкл , а започна во САД како спомен на жртвите на серискиот убиец од Грин Ривер, Сиетл – Вашингтон…
Деновиве Центарот за граѓански комуникации го објави Извештајот за активна транспарентност на 97 јавни институции за 2021 година.
За потсетување, според Индексот на активна транспарентност 2017 ( за период на претходната локална власт), општина Дебрца го зазеде 86-то место од вкупно 97 институции, со резултат од 16,4 % остварени позитивни показатели, со оценка “многу слаба транспарентност”.
Според Индексот на активна транспарентност 2020, општина Дебрца го зазеде 44-то место од вкупно 98 институции, со резултат од 63,8 % остварени позитивни показатели , со оценка “добра транспарентност”.
…