Јун 9, 2021

АМБАСАДОРОТ НА ЈАПОНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, Хиронори Савада. На средбата, соговорниците ги потенцираа добрите традиционални врски меѓу двете земји. Заеднички е констатирано дека има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување.

Јан 5, 2015

Реакција на општина Охрид на соопштението од СДСМ

Општина Охрид им благодари на СДСМ -Охрид ,  што толку “будно“ и “загрижено“ ја  следеле состојбата со снежното невреме во Охрид ,  па наместо веднаш  да помогнат со личен пример во  расчистување на снегот   пред своите дворови, се огласија во јавност  со цинично соопштение  осум  дена  по  неговото  паѓање.СДСМ- Охрид ја изобличува вистината,  но фактите  говорат дека  сите  улици  во Охрид и патишта до најодалечените охридски села беа пробиени и проодни за сообраќај само неколку часа по невремето. Градоначалникот Никола  Бакрачески како ниеден  досегашен охридски  градоначалник   несебичн…

Јан 5, 2015

OO СДСМ: Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани

Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани пред многубројните туристи кои престојуваа во градот за време на новогодишните празници. Само 25 сантиметри снег беа доволни да ја покажат и докажат целосната неподготвеност, неспособност и немоќ на надлежните општински служби да се справат со реалните проблеми на граѓаните. Врнежите од снег, на крајот од декември, за општинските власти во Охрид беа временска непогода од огромни размери, што ги изненади надлежните стручни служби. Туристите, кои едвај успеваа да пристигнат до хотелите, апартманите и вилите, беа видливо разочарани и неп…

Јан 3, 2015

Неколку семејства од струшките села ја искористиле понудата на х.Амбасадор за привремен спас од немањето струја

Неколку семејства од струшката околина кои разбрале за великодушната понуда на луѓето од хотел Амбасадор, ја искористиле можноста дел од своите тековни работи, од одржување хигиена, затоплување, па и престој во хотелот додека трае ситуацијата со немање струја и вода поради проблемите со снегот. Стефан Николоски од х.Амбасадор вели дека идејата да им помогнат на сите засегнати семејства дошла спонтано откако две семејства уште во првите денови од снежното невреме дошле во хотелот да се загреат, по што Николоски им дал налог на вработените оваа услуга да ја нудат на сите кои се наоѓаат во ист…

Јан 3, 2015

Булевар „Туристичка“ или автобуски паркинг „Туристичка“?

Булеварот „Туристичка“ денеска изгледаше како автобуска станица. Колона од неколку туристички автобуси, паркирани на коловозната лента од булеварот го отежнаа одвивањето на сообраќајот на нашата најголема улица. Еден извесен временски период, сообраќајот се одвиваше само по една сообраќајна лента, а со оглед на зимските околности, и мразот и снегот натрупани на работ од коловозите, ова значеше бавно одвивање на сообраќајот и револт кај возачите. Сликата не се промени до доцна попладне. Туристи по сред коловоз го влечкаа својот багаж и го сместуваа во автобусите додека другите учесници во со…

Јан 3, 2015

Оваа недела сите дечиња ќе одат во централната градинка

Драстично намалениот број на деца кои ги користат услугите на детската градинка, ги примора надлежните во функција да го остават само централниот објект на „Јасна Ристеска“. Студеното време, зимскиот распуст, но и поврзувањето на слободните денови за празниците од страна на родителите, драстично го намали бројот на дечињата кои ги користат услугите на детската градинка „Јасна Ристеска“. Розе Костоска директорката  на градинката информира дека  централниот објект ќе работи на 5-ти 8-ми и 9-ти јануари, додека објектите „Лихнида“ и „Развигорче“ се очекува да почнат со работа на 12-ти.„Персонал…

Јан 2, 2015

Блокади на патот Охрид-Битола ако жителите на планинските охридски села не добијат струја за 24 часа

Сакаме струја, сакаме струја, сакаме струја…Вака денес го искажаа својот револт жителите од планинските охридски села Куратица, Свиништа, Расино, како и оние од Ливоишта и Вапила бидејќи веќе шести ден на екстремно ниски температури преживуваат без струја. Со транспаренти во рацете денес тие протестираа пред корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија барајќи повторно воспоставување на електрично напојување на овие критични места. Претставници од овие села, се сретнаа со раководителот на подружницата на ЕВН Македонија во Охрид.„Дадено ни е ветување дека во наредните 24 часа екипите макси…

Јун 8, 2021

Започна пријавувањето за ваучери од 200 евра за домашен туризам

Работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30 000 денари, ќе може да искористат ваучери во вредност од 12 000 денари во некои од домашните хотели. Повикот за аплицирање е објавен денеска од страна на Министерството за економија и ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите ќе може да се пријават и да добијат ваучер. -Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи во 2021 и предвидува издавање потврди/ваучери за туризам во вредност од 12 000 денари за лица со ниски прим…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top