Нема некој што не би сакал да направи арома терапија со употреба на етеричните масла кои во 1 капка содржат 2000 цветови, вели Сузана Наумоска, сопственичката на салонот за убавина Изида Спа. Таа додава дека со оваа терапија телото за еден час успеваат да го вратат во нормална состојба дури и кај доста нервозните клиенти. Но охриѓани сеуште малку се присутни на третманите од алтернативната медицина, потенцира Наумоска.„Морам да кажам дека економската ситуација охриѓани малку ги направи да имаат некаква линија а да не доаѓаат во салони, но, со туристите нема никаков проблем тие сите еднаш д…
Петдневно славење по повод празникот Богојавление-Водици. Чествувањето за овој голем христијански празник започнува на 16ти јануари со настап на културно уметнички друштва од Охрид. На 17ти во сабота на градскиот плоштад ќе има концерт познатата македонска ѕвезда Каролина Гочева, во недела бидејќи е Водопост нема да има некои музички настапи, но вечерта во 19 часот во куќата на Уранија ќе биде доделена Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол, а младите уметници од ликовната колонија „Мал Битолски Монмартр“ ќе сликаат дела со мотиви од празничната атмосфера во Охрид. Ќе биде прик…
Општина Дебрца ќе аплицира во Министерството за финансии за добивање грант, неповратни средства за инфраструктурни проекти во рурални општини. Станува збор за средства во висина до 260.000 евра. Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски вели дека тие уште од минатата година ја изготвиле проектната документација со цел да можат веднаш да аплицираат.„Со овој повик ние како локална имаме спремано проектна документација за изградба на фекална канализација во село Велмеј значи со тој проект ќе аплицираме и ќе оствариме едно од ветувањата дадени пред граѓаните во предизборната програма дека ќе с…
Побарајте ги: „Сребрениот дух на езерото сонува“ од Мерсиха Исмајлоска во издание на Бата Прес, „Мајчината порака“ од Атанас Бојаровски, самостојно издание помогнато од Министерството за култура.
Не помалку провокативни со својата содржина се и следните наслови: „Човек без адреса“ од Јусуф Сулејман во издание на Академски печат , „Училиште за скандал“ од Ричард Шериден во издание на Перун Артис и „Нож“ од Владимир Попов, Култура.
Свои пораки и животни приказни меѓу кориците „кријат“ и книгите: „Патешествие низ времето“ од Ибраим Џемаил и драмите „Трудница“ и „Тајни“ од авторката Габри…
Приведен 24 годишен охриѓанец за сексуална злоупотреба на малолетник. Во почетокот на ноември минатата година, пријавениот креирал лажен фејсбук профил и воспоставил контакт со 13 годишен ученик од Охрид. Во меѓусебната комуникација на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“ доколку дојде во неговиот дом лично да се запознаат. Притоа си разменале и телефонски броеви.„ Средбата се остварила во семејната куќа на приведениот каде што се случил половото дејствие. Најнапред со убави зборови, а потоа и со закани се обидел да го присили малолетникот на п…
Користењето на фејсбук и социјалните мрежи ги става во опасност децата од сексуални злоупотреби. Од првата детска амбасада Меѓаши нагласуваат дека децата ги демнат опасности од сајбер насилниците и порачуваат на добра информираност и на родителите и на децата за правилно користење на интернетот. Јана Зенгоска од Меѓаши посочува дека кампањите кои се водат за правилно користење на компјутерската технологија даваат резултати , но потребна е постојана едукација. „Можеби се должи на сензибизлирање но сеуште родителите и децата сметата дека тоа не може да им се случи на нив и дека сето тоа се …
Снегот значи бериќет за земјоделските насади, вака вели производителот на органска и здрава храна, Ванчо Стојаноски. Според него ниските температури нема да ги намалат приносите од насадените култури, ниту пак оние кои допрва ќе се садат, или пак тоа намалување ќе биде во незначително мали количини. Единствено штета според Стојаноски претрпеле земјоделците кои произведуваат под пластеници, а кои не успеале да ја издржат тежината на снегот и се срушиле. „Регионов наш е сепак навикнат на зима. Добредојдени се и овие ниски температури поради тоа што сепак одредени болести и штеточини сигурно ќ…
Мал број пациенти не се јавуваат на закажаниот преглед од Мој термин, во охридската болница. Како што информираат од таму, секој ден со оваа Владина мерка се извршуваат по 24 прегледи, на сите одделенија од Општа болница Охрид. Д-р Лилјана Ангелеска нагласува дека досега проектот одлично функционира, малку биле отстапките кај пациентите да не дојдат на закажаниот преглед, посебно на интерно одделение и смета дека кај пациентите дава позитивни ефекти.„Пациентите закажани на термин 90% доаѓаат, евентуално можат да закаснат малку меѓутоа добро функционира, некои од пациентите се дури и позадо…