Во духот на православието, со пладневна света литургија и предавање на светиот крст, денес, новите кумови на Водици 2015та, големата балканска ѕвезда, Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески го примија кумството за оваа година. Јоксимовиќ вели дека понесен од импресиите од минатата година кога на овој празник одржа концерт во Охрид, се родила желбата и самиот да биде дел од целото празнување. Според него, охриѓани со начинот на кој го одбележуваат овој голем христијански празник, ги вреднуваат вистинските вредности и христовото име. Вели дека во Охрид се чувствува навистина пријатно и токму затоа …
Отворена изложбата на фотогарфии насловена Света Софија Катедралата од Охрид до Полоцк. Изложени се фотографии од катедралната црква Св Софија која се наоѓа во белорускиот град Полоцк, а подготвени Сергеј Тарасов, историчарот и археолог кој 30 години работел на проучување на Полоцк. Традиционално се верувалео дека на територијата на Источна Европа има 3 катедрали посветни на Света Софија, и тоа во Новгород, Киев и Полоцк објаснува Тарасов. Се врувало дека црквите во Новгород и Киев биле градени според стилот на црквата во Константинопол . Но јас бев уверен дека Св Софија во Полоцк е изг…
Охриѓани до Организацијата на потрошувачи лани најмногу реагирале за неисправни мобилни телефони и бела техника. Често им се расипувале и телевизорите, велат од ОПМ. Купувачите реагираат и на гарантниот рок на нивното сервисирање. Вангел Спироски од ОПМ ги предупредува граѓаните за нивното право како потрошувачи во случаи кога ќе имаат проблем со мобилните апарати и бела техника.„ Јас би апелирал до граѓаните да внимаваат максимално, до 3 пати може да се сервисисраат овие производи. Додека техничкиот апарат е на сервис , мобилен или перална тие мора да добијат замаена со сит производ додек…
Новинарите со поддршка за колегата Кежароски одржаа протест пред Апелациониот суд. Одлуката да се намали затворската казна за Кежароски, а не да се укине е срамна, рече Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. За нас единствена правилна одлука е да се ослободи Кежаровски, а не намлување на казната од 4,5 на 2 години, кажа Селмани.
„Ова е неправична одлука. Сметаме дека судот наместо да дели правда реши да направи политички калкулации. Наместо при одлуката за предметот да води сметка за правдта на еден новинар кој не направил ништо лошо туку открил злоупотерба на една јавна институција одлучил…
Под силно полициско присуство утрово започна уривањето на објектите на плажата „Куба Либре“ во Охрид Правните застапници на концесионерите обвинуваат за незаконска постапка. Велат има грубо кршење на законите , јавното наддавање се уште не е завршено по вина на локалната власт и не добиле решение за уривање.
„Сметаме дека има сериозно пречекорување на овластувањата од општината да решаваат надвор од правните регулации, односно раководење со крајбрежието на овој начин. Струјата е исклучена исто така противзаконски, објектот не работи очигледно имаме добра волја кај сопствениците да се …
„Се работи за строго утврдена законска постапка во која што ние како чинители во тој процес едноставно немаме право на мешање во автономијата на училиштата во тој дел. Тоа е исклучиво надлежност на училишниот одбор кој што треба да ја донесе одлуката. Мислам дека заврши огласот согласно динамиката предвидена со закон, во текот на наредната недела, мислам дека треба да излезат со конкретен предлог.“-вели секретарот на општината, Димитар Спасески.
{loadposition content9}
Во вторник започнува второто полугодие и редовното одвивање на наставата во основните и средните училишта од градов. Денес активот на директори од училиштата остварија работна средба со секретарот на локалната самоуправа, Димитар Спасески, на која беа предочени моменталните услови за работа во сите образовни институции и беше дискутирано околу предизвиците во нивното работење. Претседателот на активот на директори на основни и средни училишта, Јордан Пуроски, вели дека е задоволен од ситуацијата во охридските училишта.„На ниво на град имаме многу добра комуникација со сите директори. Сите п…
Од охридскиот регионален одбор на Синдикатот за образование, наука и култура молк за престојниот штрајк на просветните работници. Никој не сака да го коментира денешниот состанок на општинската со претставници од синдикалните организиции, какоц став зазедоколу штрајкот и што ќе им препорчаат на колегите. Обидите да стапиме во контакт со претседателот на општинската организација Аце Речкоски останаа неуспешни. Телефонот беше исклучен и на Јаким Неделков, лидерот на СОНК. Она што го дознава ТВМ од неофицијални извори е дека кај наставниците во охридските основни и средни училишта влад…