Во Охрид има 28 километри незаменти азбестно-цементни водоводни цевки. Поголеми потези опфатени со вакви цевки сеуште има на ул „Гоце Делчев“ од амбуланта Воска до Подмоље, на бул. Туристичка на потегот од стара царина до влезот на Охрид. Од ЈП Водовод велат дека азбестните цефки треба да бидат целосно отстранети во следните пет години. Според податоците на РЕ Водовод Охрид во далечната 1960 до 1972 година на територијата на општината биле монтирани околу 53 километри азбестни цевки. Од тогаш па наваму како што појаснува раководителот Сашо Сотироски со МЕАП проектот од 2002 до 2006 биле з…
Локалната самоуправа ќе воведува мерки за поефикасен такси превоз во градот. Програмата утре ќе биде ставена на усвојување пред советниците на 35-тата седница на совет. Со промените во превозот ќе бидат засегнати околу 350 такси превозници. ТВМ ги контактираше претседателот на здружението на охридските таксисти и сопствениците на неколку такси компании за мерките кои ќе се преземаат за ефикасен такси превоз. Повеќето од нив тврдат дека не ни знаат за програмата. Нагласуваат дека пред 2-3 месеци одржале работна средба со градоначалникот Бакрачески пред кого ги изложиле проблемите и оче…
Осма година по ред во Охрид, но и во целата држава се одбележува денот на Свети Сава. Ова е еден од назначајните православни празници во српскиот верски календар. И оваа година свеченоста се одржа во ресторанот „Белведере“, а за организацијата се погрижија членовите на српско-македонското друштво „Коштана“. На традиционалната богата трпеза, покрај различните српски јадења, се наоѓаше и светисавскиот колач, а од младите членови на „Коштана“ беа рецитирани песни за големиот светец. По повод празникот, убава порака испрати претседателот на „Коштана“, Среќко Стојановиќ.Ние сме еден конструкти…
Сите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 Јануари, да ја исполнат законската обврската.Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања. По истекот на рокот, даночните обврзници кои не користат фискален систем на опрема со ГПРС ќе се соочат со глоби кои се движат од…
Розе Костеска, директорката на охридските градинки ги негира сите обвинувања од социјал-демократите. Ги посочи сите успеси на градинката во изминатава година и пол. Децидно потенцира дека во градинката се работи според Законските прописи. Демантира дека цената за полудневен престој е зголемена, туку дека се работи за усогласување на законските прописи од 2004 година.„ Правилникот е објавен во Сл. Весник бр. 78/04 Согласно со Законот за заштита на децата (Сл.весник на Рм. бр. 23/13 советот на основачот, на предлог на Управниот одбор на ЈОУДГ за деца ги утврдува цените согласно наведениот пр…
Министерката за образование и наука Мила Царовска со видео обраќање се заблагодари на наставниците, учениците и родителите за успешно завршената учебна година во вонредни услови поради пандемијата.
Учебната 2020/2021 претставуваше предизвик на кој заеднички успеавме да одговориме. Учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно-образовен процес, а нивното здравје, безбедност и благосостојба беа заштитени, што за сите нас претставуваше најголема грижа. Сето ова немаше да биде возможно без несебична поддршка и помош од наставниците и родителите.
„Цврсто верувам дека со здружени си…
На прес конференција советничкатат од СДСМ Оливија Пирузева Јанева во името на социјал-демократите од Охрид побара од градоначалникот Никола Бакрачески, наместо да замижува, да преземе соодветни мерки и да го прекине самоволието на директорката на градинката Јасна Ристеска. „ Директорката на оваа градинка без согласност на Советот на Општина Охрид ја покачила цената за полудневен престој, речиси двојно, од 800 на 1.500 денари“. За секоја промена треба да добие согалсност од СОвет на општина Охрид“, кажа Јанева. Дополнително, директорката им наметнува на родителите нови трошоци за употр…
Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка После двата неуспешни тендери во кои локалната бараше партнер за изградба на пазарот, третиот јавен оглас првично успешен.
Денес, по истекот на крајниот рок од еден месец за доставување на понуди, Комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за зелениот пазар ја отвори единствената пристигната понуда. Единствен понудувач е градежната фирма АД „Илинден“ од Струга.„Првично комисијата оцени дека операторот кој што учествуваше на тендерот, ги исполнува условите. Накратко да кажам дека согласно физи…