Јан 30, 2015

Охрид подготвен за „Давид“

„Давид“ пристигна во Македонија. Според информациите од УХМР, овој циклон ќе донесе нов бран на врнежи кои се очекува да започнат денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час. Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици. Според информаци…

Јан 30, 2015

Има ли опасност од излевање на Слатинското езеро

Најавеното невреме со обилни врнежи од дожд, потенцијална опасност за Слатинското езеро. По катастрофалното оштетување на браната кое се случи на почетокот на 2013та година која само делумно беше санирана, при секое поголемо невреме се алармираат службите кои зе надлежни за состојбата со оваа акумулација. Раководителот на охридскиот ЦУК, Митко Темелкоски вели дека во моментов овој воден басен е исполнет до половината  така што и да има поголемо количество на вода од најавените врнежи не би требало да дојде до некоја несакана последица.Тоа не преставува директна опасност по стабилноста на бр…

Јан 30, 2015

Блажески:Треба да платам казна за имот кој не е на мое име

Продолжува тенденцијата од страна на актуелната власт за пресметка со неистомислениците, реагира  Дејан Блажески претседателот на ОО на ЛДП Охрид. Тој обвинува дека преродбата која ја ветувала ДПМНЕ во Охрид планирале да ја прават со парите од казните на опозиционерите. Додека ја очекувам судската пресуда за наводна клевета кон секретарот на општината Спасески, за што бара 300 000 денари, пред неколку дена од страна на Државната комисија за спречување на корупција, добив прекршочна казна  од 33 000 денари за непријавен имот во мојот имотен лист, кажа Блажески на денешната прес конференција….

Јун 10, 2021

Скоро една деценија „Брег на младоста“ го шири акцијашкиот дух кај младите

Десеттата година од дејствувањето, Акцијашкиот клуб „ Брег на Младоста “ ја отпочнува во нови простории кои на клубот им беа доделени од страна на Општина Охрид и ЈП „ Градски пазар “. Оваа организација во изминативе девет години од постоење и работење оствари бројни акции кои беа значајни за Охрид но, и многу пошироко. „ Ревизиравме многу активности , бевме на многу работни акции како во градов, републикава и надвор од Македонија . Кога во  Србија кога ја зафатија големите поплави во 2014 – та година, кога Скопје го зафатија големите поплави 2016 година, бевме во Нови Пазар 2019 година на …

Јан 29, 2015

На Охридското езеро од албанската страна се рушат хотели на македонската ќе се градат

На брегот на Охридското езеро од албанската страна на потегот од Лин кон Поградец се срушени 46 објекти изградени на самиот брег од езерото. Се рушат и легални и нелегални  хотели и угостителски објекти.  Албанската држава издвоила буџет од 5 милиони евра со кој се обештетуваат сопственеиците на легалните  градби, вели Аријан Мероли претставник од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро од Албанска страна. Од другата страна на езерото пак, кое е под заштита на УНЕСКО се планира градење на туристички капацитети, резиденцијални објекти и туристички развојни зони. Албанскио…

Јан 29, 2015

Се уништуваат „Лежечките полицајци“ во Охрид

Појавата на уништување на сообраќајната сигнализација низ охридските улици, загрижувачка. Тие се предмет на вандалско однесување на несовесни поединци. Речиси и да не постои успорувач на брзина или народно кажано лежечки полицаец во градов кој е во добра состојба. На места фалат делови, а има и такви улици каде успорувачите се целосно откорнати. Ваквата состојба не ги задоволува стандардите за безбеден сообраќај, велат граѓаните.Овој проблем добро им е познат и во Секторот за комунални дејности сообраќај и патишта при општина Охрид. Љупчо Танески од овој сектор вели дека факт е дека сите ус…

Јан 29, 2015

„Дедо и внук“

Едно од филмските остварувања кое годинава ќе биде подржано од „Агенцијата за филм на Република Македонија“ е  приказна на охридскиот млад режисер Илија Пиперкоски. Играниот филм „Дедо и внук“, во режија на Илија Пиперкоски, кој ќе се снима целосно на локации во Охрид, е прв ваков филм после „Мирно лето“ од далечната 1961 година. Првата клапа треба да падне оваа есена е во копродукција со романската „Пандорас бокс продакшн“. Пиперкоски открива дека станува збор за универзална генерациска љубовна приказна која го навела да направи едно навраќање кон минатото, но и самосвесно да погледне кон …

Јан 28, 2015

Далијан и Охрид и официјално ќе соработуваат на полето на туризмот

Потпишан меморандум за соработка на полето на туризмот помеѓу бирото за развој на туризмот од Далијан, Народна Република Кина и Секторот за ТЛЕР на општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески смета дека оваа соработка ќе вроди со плод и наредниот период  можеме туристите од НР Кина да ги очекуваме во голем број. Додаде дека овој документ значи етаблирање на соработката со НР Кина во делот на туризмот.„Во делот на организирање на туристички групи од НР Кина кон Македонија и обратно, ќе направат напори за етаблирање на можности за воспоставување на чартер летови до Кина кон Македонија и …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top