На 30.11.2020 година, при претрес извршен во домот на Ф.Д.(37) во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кокаин.
Тој е приведен и против него ќе биде поднесена кривична прјава.
Студентите од шеста година на Медицински факултет и волонтерите од Воено Медицинскиот центар се вклучуваат во работата на ковид центрите. Помошта која ни ја даваат е многу важна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со ковид 19.
а нив ова е искуство какво што можеби нема да имаат прилика да го видат во нивната кариера како лекари. Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата.
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска направи увид на дел од градежните активности за подобрување на комуналната инфраструктура кои се реализираат со средства од буџетот на Општина Охрид.
Беше извршена посета на новоизградениот резервоар за вода во село Подмоље, каде што градежните активности се во финална фаза и се поставува нов цевковод. Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни и со неговото ставање во функција ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на жителите од ова населено место. Вредноста на проектот е 3.117.752 денари.
Исто така, градоначалникот Пецаков направ…
По повод новогишните празници од Охрид издава под закуп теги за продажба на новогодишни украси, на плоштадот „Крушевска република“ кај стариот чинар.
Лицата заинтересирани требада се јават надјоцна до утре во административнити простории на јавното претпријатие.
Пандемијата на КОВИД-19 изнесе на виделина многу предизвици со кои се соочуваат здравствените системи ширум светот во справувањето со нови вирусни или други инфекции. Особено дојдоа до израз недоволните капацитети во областа на јавното здравје и потребата од поголеми инвестиции во здравството воопшто.
Од друга страна, неколкудецениското искуство на светот од справувањето со епидемијата на ХИВ, нуди незаменливи лекции што треба да се искористат и во одговорот кон новиот коронавирус. Имено, справувањето со една епидемија треба да се потпира на добра информираност, стратешки податоци, почитув…
Во текот на изминатото деноноќие (30.11/01.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 506 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Мобилната апликација “National Park Galicica” им овозможува на сите посетители да ја искусат невидената убавина на паркот на едноставен начин каде најважните информации се достапни на едно место.
Преку мобилната апликација, сите љубители на природата, па дури и оние кои не се во можност да го посетат паркот, имаат можност да се запознаат со типот на патеки кои ги има во Н.П. Галичица, мини енциклопедија во која се достапни различни видови на флора и фауна кои се присутни на територијата на Галичица, како и многу други дополнителни занимливости. Апликацијата е достапна за Андроид и за iOS.
Општините од регионов ги поднесоа проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза за енергетска ефикасност н…