Големите градежни компании не очекуваат пад на цената на становите. Инвеститорите во моментов се задоволни од продажбата на недвижнини. Како што за ТВМ телевизија истакна Драгана Чифлиганец, извршниот директор на реномираната македонска градежна компанија Адора Инженеринг, во Македонија имало голема побарувачка на станови посебно во Скопје. Како показател за тоа, таа посочи дека само минатата година продале 303 станови а компанијата ја посетиле над 2000 заинтересирани граѓани. Чифлиганец кажа дека задоволни биле и од продажбата на станови во Охрид.„Во Охрид во Билјанини Извори продажбата …
Хрватки, србинки и црногорки во Охрид за 8ми март. Речиси во сите хотелски капацитети во градов има групи со припаднички на понежниот пол кој овој празник решиле да го прослават токму овде. Традицијата на организирана прослава за Денот на жената, не се напушта, напротоив, се засилува, велат хотелиерите. Посебно се посетени хотелите во централното градско подрачје кои нудат дводневни, но и тридневни аранжмани за престојниот празник.Нашиот капацитет е исполнет. Имаме гостинки од Србија кои ќе пристигнат на 7ми а ќе останат до 9ти март. Им нудиме добра забава и гастрономски специјалитети. На …
Годинава охридската цреша ќе расцути како брендиран производ. Таа се најде меѓу дел од производите кои ќе станат заштитен македонски бренд. Оваа постапка сеуште е во процес на регистрација, доставен е елаборат за заштита на земјоделски производ од страна на Земјоделската задруга охридска черешна, како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Елена Тапанџиоска од секторот за квалитет на земјоделски производи вели дека до јуни треба да заврши целата постапка.„Ние формиравме комисија како Министерство, што го оценуваме елаборатот и тој е разгледан од струч…
Ренџерските служби во НП „Галичица“ започнаа со увид на оштетената шума од снежните наноси оваа зима. Досега увид не беше можен заради снегот кој сеуште го има на повисоките места. Планината Галичица натежнала под снегот како никогаш досега, вели шумарскиот инженер Номче Новески од НП „Галичица“. Новески информира дека ренџерите излегле на терен на пристапните места за да ги констатираат штетите од откорнати стебла и искршени грански на шумскиот фонд во паркот.„ Вакви штети досега сме немале. Ќе не чека доста работа иако тоа е во работните задачи на ренџерите и спаѓа во регуларните раб…
Охриѓани најдобри на третиот по ред Државен натпревар што се одржа викендов во Скопје. Децата на возраст од 4 до 14 години кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во општинскиот Црвен крст покажаа одличен успех. Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2009та година, преку високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма. Овој тим на интернационални тренери и овие деца од Охрид, Ресен и Струга го преставуваа нашиот центар и добија голем број трофеи …
И оваа среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ви нуди девет нови наслови кои се надеваме ќе го привлечат вашето внимание и ќе ги зајмите.
Прегледот го започнуваме со авторот Тихомир Јанчовски и неговата книга „ Пред некое време“во издание на Студентски сервис. Посебно ви ја препорачуваме збирката „Десетте најдобри раскази на светот“ во издание на Темплум, но и книгата „Црно – белиот бал на цвеќето на мирот“ од група автори во издание на неуморната Вера М Самарјанин.
Во седмичната понуда се и „Ладалото на Леди Виндермир“ од Оскар Вајлд во издание на Перун артист и „Иван, Витезот со…
Охридските малолетници заинтересирани да полагаат возачки испит Б категорија. Оваа можност може да ја користат од јули 2013 година кога стапи во сила Правилникот за полагање на возачки испит за малолетни лица со наполнети16 години. Од авто школата „ Старс Инжинеринг“ кажуваат дека средношколците од Охрид ја користат оваа можност.„Конкретно во Охрид има заинтересирани, но не масовно. Во другите градови немам информација. Дел од децатат кои се заинтерсирани не исполнуваат услови. Имавме кандидати кои ги исполнуваат условите, но поради многу причини не полагаат. Некои од нив се одредбата за…
Од петстотини до илјада денари поскапеле цените за верските обреди, како крштевка, венчавка и погреб, што ги извршуваат свештениците на Македонската Православна Црква-Охридска архиепископја. Оваа одлука владиците ја донеле на седница на Синодот која се одржала во почетокот на февруари.
Дебарско кичевкиот митрополит г. Тимотеј за ТВМ изјави дека во епархијата со која раководи зголемена е цената само на венчавките. Засега другите обреди ќе се извршуваат по старата цена, вели владиката. Цената за венчавка од 4 500 зголемена е на 5000 денари, додека пак за крштевка останува 3000 денари ка…