95 пациенти позитивни на ковид 19 се лекуваат во охридската болница, а од нив 40 се на кислородна поддршка, информира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница. Постојано се менува состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19, а во моментов има 15 слободни болнички кревети. Дополнителен број на болнички кревети ќе се добијат со поставување на модуларната болница. Во меѓувреме, доколку има потреба од болничко лекување, ние нема да оставиме ниеден пациент без болнички третман, вели директорот Балевски. Болницата се очекува да биде ставена во функција до крајот н…
Со обука на наставници денеска официјално ќе почне пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО) во земјава, кое го најави Министерството за образование и наука.
Воведувањето сеопфатно сексуално образование во основните училишта, според МОН, ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуалното вознемирување и насилството. Ова образование значи знаења за начините за заштита, однесување и предизвиците коишто ги носат пубертетот и развојот до адолесценција.
Министерката Мила Царовска неодамна соопшти дека пилот-програката ќе опфати четири училишта – две…
Во првиот избор од нови книги овој декември доминираат македонските автори. Уште од денес на пултот за издавање во НУ Библиотека „Григор Прличев“ можете да ги побарате следните изданија:
„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски, „Погорелци“ од Владимир Плавевски, „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски, „Ѓаволска наметка“ од Љубомир Јованоски, „Пропаст“ Владимир Зарев, „Сакам , значи постојам“ од Ана Јовковска, „Хомо Деус“ Јувал Харари Ноа и „Кандидатот“ од К. Мирон Изаксон.
Деведесет филма од цел свет од денеска до 6 декември ќе се прикажуваат онлајн на 11. издание Мобил филм фестивал. Под мотото „Размислувај поразлично“, филмската програма ќе биде бесплатно достапна на платформата Cinesquare.net.
Сите филмови на фестивалот се достапни во 13 земји во регионот. Со тоа Мобил филм фестивал од годинава прераснува во регионален филмски фестивал.
22 филма се избрани да се прикажуваат во официјалната конкуренција, 36 во „ковид“ програмата, а 31 од анимираната програма.
Традиционално, ќе бидат доделени награди за најдобрите филмови. Најдобар филм „Ратка Илиевска-Ла…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Албанија, Бледар Чучи ќе потпише спогодба за заедничко менаџирање на риболовот на Охридското и Преспанското Езеро.
Двајцата министри ќе го посетат и Хидробиолошкиот Институт во Охрид.
Денот на св. Климент Охридски – 8 декември 2020 (вторник) е неработен ден за сите граѓани на државата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Осми декември е државен празник согласно со Законот за празниците на РМ.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори”.
При преглед на патнички автомобил што тој го управувал, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со опојна дрога марихуана и семки од растението Cannabis – информираат од СВР Охрид.
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 578 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.