Предлог Заклучок за усвојување на Информацијата за реализацијата на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник отвори широка дебата помеѓу охридските советници на денешната 38 седница на Совет. Дејан Блажески советникот на ЛДП обвини дека освен политичко експозе на градоначалникот не виделе никаква релевантна информација за Плаошник и како сето тоа ќе се одрази врз Охрид.„Почитувани видовте дека безидејни се, видовте дека зборуваат дека возобновуваат нешто а напротив градат гротескни градби, видовте дека манипулираат со најниските чуства на луѓето а тоа се верските моменти и објас…
Вевчани, живописната рурална општина, станува привлечнa се повеќе не само за домашните, туку и за странските гости. Општината работи на подобрување на инфраструктурните капациети и намерата е да биде еколошки „Зелена општина“. Со овие адути, за оваа летна сезона жителите покажуваат интерес за проширување на сместувачките капацитети кои недостасуваат за сместување на гостите во Вевчани, информира Сашо Јанкоски градоначалник на општината.
„Тука кубуриме со мал број на легла. Но, гледам голем интерeс кај локалното население и интенција за пренамена на капaцитетите во вакви објекти. Доаѓаат…
Ударните дупки низ охридските улици повторно се отворија. Не издржаа бекатон плочките со кои службите од локалната пред нецел месец ги санираа дупките. Дополнително, во нивна непосредна близина се отворија и нови. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици признаваат дека ситуацијата е таква, но велат дека уште во месец јануари тие изготвиле акционен план за трајно решавање на овој проблем и пополнување на дупките со асфалт.
Со оглед на тоа дека локалната неодамна веќе започна со асфалтирање на патниот правец Охрид-Велестово, најавуваат дека за скоро време ќе се започне и со санаци…
Се ближи 28 март, денот кога се одржува „Часот на планетата Земја”. Ова е најголемата акција на граѓаните од целиот свет, обединети во заедничко гасење на светилките, како порака дека не сакаме климатски промени туку здрава планета. Македонија оваа година го руши минатогодишниот рекорд на исклучени локации, па така оваа година бројката надминува над 60 локации низ целата Република кои ќе го исклучат осветлувањето во траење од еден час.Часот на планетата Земја е глобално еколошко движење креиарно од WWF (Светската фондација за дивиот свет). Како една од првите кампањи креиарана од луѓето за…
Дел од точките на дневниот ред на денешната 38-та седница на Советот на општина Охрид, се и Предлог Заклучокот за усвојување на Информацијата за реализацијата на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник како и Предлог Заклучокот за усвојување на Информацијата за текот и постапката за урбанизација на локалитетот Студенчишко блато.Повеќе информации во Дневникот на ТВМ ТелевизијА во 17 и 22:00 часот.{loadposition content9}
Охридските туроператори како домаќини ќе ја претстават туристичката понуда на градов на петтиот по ред меѓународен саем за туризам-Скопје Травел Маркет. Денес градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од туристичкиот саем како и стопанската комора на Македонија за туризам, договорија, Охрид да биде домаќин на овој меѓународен саем кој се одржува во рамките на познатиот Скопски саем. Според Бакрачески, овој саем, во голема мера ќе придонесе во поефикасното промовирање на туристичката понуда на градов.„Да ги презентираат своите туристички продукти, да ги презентираат своите понуди и она…
Од ЈП Нискоградба негираат дека испуштиле фекални води во езерските води во близина на Капетанија. Некои граѓани и портали јавуваа за испуштање на фекални води во езерото по вчерашните врнежи. Написите беа поткрепени со видео снимка и фотографии. Ваквите тврдења ги демантираат од претпријатието, посочуваат дека проблемот настанал по прегорување на пумпата од шахтата каде што се собира атмосферската канализација, информира Ѓоко Довлев од ЈП Нискоградба. „ Ние имаме секундарен колектор ако беше така ќе ја пуштевме во секундарниот колектор целата фекална вода, а не во езеро. Наша обврска е …
Градежните зафати за првите 210 метри од пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк во должина од 1700 метри ќе бидат готови до почетокот на сезоната, најавуваат од Фондот за комунален развој, сообраќај и патишта при општина Охрид. Како што изјави Љупчо Танески проектираната стаза почнале да ја градат пред еден месец и во моментов во полн ек биле градежните зафати за првата фаза.„Согласно тендерските услови планирано е пешачката патека да биде готови до почетокот на летната сезона, тука сме ние како орган да ја утврдиме, пропишиме и следиме динамиката на изведените градежни активности….