Апр 9, 2015

Распоред на литургиите за Велигден во охридските цркви

Вечерва ќе се држи бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18,30 часот.Утре 10.04.2015 – ВЕЛИКИ ПЕТОКНАУТРО: Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот.Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско.ВЕЧЕРТА: „Оплакувањето и опело на Христа“, почеток во 19 ч.Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Охрид.11.04.2015 – ВЕЛИКА САБОТА НАУТРО: Вечерна со Василиева Литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8.30 часот. ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТ…

Апр 8, 2015

Во охридската чаршија безправно се гради во близина на Али Пашината џамија

Во охридската чаршија на две локации  се гради. Во близина на Али пашината џамија кај Чинарот отстранети се времени објекти за што граѓаните реагираат дека се подготвува теренот за градење. Во Амамот пак, се преземаат градежни зафати на дуќан поради што граѓаните се прашуваат дали смее да се менува ликот на трговскиот центар граден според идејно решение. Директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска за ТВМ вели дека  и за двата зафати не се побарани конзерваторски услови со кој заводот дава одобрение што е дозволено, а што не да се прави на објектите.  Додава дека за случајот кај џа…

Апр 8, 2015

ЈП Билјанини извори склучи договор со ЕВН за сервисирање на долгот

Ристе Мишев директор на ЈП Билјанини извори даде отчет за работењето на претпијатиоето во изминативе две години. Во овој период успеавме да го стабилизираме финансиското работење на претпријатието, истакна при тоа Мишев. Долгот на претпријатието е намален за 2 милиони и 204 илјади денари и  се обезбедени  средства за спортските објекти. Претпријатието долго време го мачеше долг  за неисплатена  електрична енергија кон ЕВН Македонија.„ Тоа е најголем проблем со кој се соочуваме ние. Склучивме конечно договор за сервисирање на долгот кон  ЕВН со посредство  на Локалната самоуправа да го испла…

Апр 7, 2015

Јосип Јурај Штросмаер го задолжи македонскиот народ

Денес во Охрид се одржа чествување по повод 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец, бискупот Јосип Јурај Штросмаер, познатиот голем народен добротвор. Иницијативата за едно вакво одбележување во Охрид потекна од  М-р Разме Кумбароски, изјави директорката на НУ библиотека „Григор Прличев“, Александра Белевска. Таа истакна дека Штросмаер се што успеал да направи во животот било во знакот на доблеста, која до особен израз дошла со поддршка за издавањето на капиталното дело Зборникот на Миладиновци. За животот и делотo на Штросмаер се обрати М-р Разме Кумбароски и Хрватскиот амбасад…

Апр 7, 2015

Охридската СДСМ реагира на одлуката за ЈПП за одржувањето на осветлувањето

Одлуката за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство тема на денешната пресс конференција на општинската СДСМ. Со ваквата одлука општината се откажа од приход во висина од 5милиони евра кој ќе влезеше во буџетот на општината во наредните години, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски. Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие “великодушно” ги отстапија на приватна компанија од Чешка, додаде тој.Аргументите за исплатливоста на инвестицијата во јавното осветлување се прикажани во Фи…

Јун 21, 2021

Добредојде лето-Денеска е најдолгиот ден во годината

Летото започна денес на северната хемисфера на Земјата, односно утрово во 5 часот и 32 минути, а во истовреме започна и зимата на јужната хемисфера. На денот на почетокот на летото ноќта е најкратка, а денот е најдолг и ќе трае 16 часа и 28 минути. Летото на северната хемисфера започнува во моментот кога насоката на северниот дел на Земјината оска е најблиску до Сонцето, а на тој ден висината на Сонцето на пладне е најголема во текот на годината.

Апр 7, 2015

Јагнешко се купува само заради традиција

Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници. Неизбежен дел од празнувањето е и богатата трпеза на која се собира семејството на свечен ручек. Граѓаните кои сакаат да се гостат со јагнешкото месо од својот буџет ќе треба да издвојат 365 денари за килограм. Во споредба со минатата година јагнешкото месо  е поефтино за 30 денари, информираат охридските месари. Гоце Каранџулоски од месарата „МИК“ Св Николе, вели дека поминало времето кога муштериите купувале по цело јагне за Велигден. Годинава не купувале ниту половина, само четвртина од јагнето колку да се запази традицијат…

Апр 7, 2015

Дали нешто се готви во Центарот за култура

Горан Стојаноски, нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Тој би бил наследникот на актуелната директорка Драгана Боцевска која моментално е на породилно боледување. Се почесто се вртат вакви разговори во охридската јавност па со цел да ја разрешиме дилемата го запрашавме Стојаноски дали навистина има инспирации за ова директорско место.Не сум размислувал за тоа. Јас сакам да сум директор на охридскиот театар, вели Горан Стојаноски- раководителот на охридскиот театар. Ваквите гласини ги демантираше и Боцеска. Таа вели дека до средината на април е на породилно боледување после …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top