Традиционално и годинава за Велигден месокастрани ќе одиграат дерби натпревар во фудбал. Годинава тоа е јубилејно одосно одбележуваат, 55 години натпревари во фудбал на теренот од ОУ „Св Климент Охридски“. Старите но и младите месокастрани живеат за овој ден вели Стефан Здравески, познат по прекарот Циро. Здравески на само ден пред турнирот кажа дека со нетрпение чекаат да дојде недела 11 часот кога започнува фудбалскот дерби и наброја дел од плејадата месокастрани кои годиниве наназад учествувале на турнирот.„Секако дека се чуствуваме возбудено бидејќи 55 не е мал период без ниеден прекин …
Математиката главна опсесија на Сања Симоновиќ ученичка во трета година во приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Оваа млада охриѓанка е дел од македонската репрезентација која ќе учествува на претстојнате балканска и светска математичка олимпијада. Иако во портфолиото на Сања се наоѓаат бројни дипломи за први места, одличја, награди, пофалници за успеси на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари по математика таа е многу скромна девојка. Вели дека до петто одделение не била многу заинтересирана за математиката, но денес таа е првенец по овој предмет со злато од последн…
Неколку стотици средношколци денеска излегоа на протестен марш во Охрид. Тие ги повторија своите барања, враќање на стариот концепт на полагање на државната матура, како и да запре воведувањето реформи кои се лоши за образованието. Со пароли во рацете и скандирање „Македонска крвава матура“, „За секој експеримент потребни се глувци“, „Многу реформи -деформи“, „Имаме став, немаме страв“охридските средношколци денес околу 13 часот се собраа во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“, по што се упатија кон општинската зграда каде се задржаа малку и завршија на градскиот плоштад. Претставн…
Охридското езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија.
Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата…
Во очи на големиот христијански празник Велигден во холот на ОУ „Христо Узунов“, традиционално на денешен ден, Велики Четврток, се оджа Велигденски продажен хепенинг. Штандовите односно училишните клупи шаренеа од убавите детски изработки, малите уметнички дела и ракотворби изработени со вредните раце на учениците. Насекаде во холот на училиштето беше разлеана детската насмевка, детскиот џагор, и сите беа горди на се она што заедно го сработиле.Организатор на настанот се учениците, вработените во училиштето, со поддршка на Советот на родителите, вели Тони Симоноски директорот на училиштето…
Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри.
Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески потсети дека овој локален пат не бил реконструиран четириесетина години.„Последна реконструкција на овој пат е некаде во седумдесетите години од ми…
Охриѓанчиња имаат се повеќе потреба од корекција на говорот. Тие во моментов се препуштени само на еден логопед кој работи во општата болница. Од градинката Јасна Ристеска и основните училишта сигнализираат дека расте бројот на децата кои пелтечат, неправилно читаат и пишуваат, лошо изговараат одредени гласови или имаат проблем со искажување на комплетна реченица. Во градинката каде што се згрижени 850 деца од пред две години е ангажиран само еден логопед. Од 400 дечиња на возраст од 4 до 6 години, голем е бројот на оние кои имаат проблем со изговарање на одредени гласови при што се јаву…
Велигденски саем по втор пат. Осумнаесет излагачи денеска и утре ќе ги презентираат своите рачно изработени предмети, украси, сувенири кои ќе се продаваат по симболични цени. Саемот се организира во халата за текстил во ЈП „Градски Пазар“. Директорот на ова јавно претпријатие, Тони Коталески вели дека се задоволни од интересот на производителите кои ќе земат учество на овој Велигденски саем.Акцентот и оваа година е ставен на хуманоста. Закупот на просторот е бесплатен, а дел од средствата од продадените производи ќе одат во хуманитарни цели. Ние заедно со опшштина Охрид и Црвен крст дони…