Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека денес од 9,00 до 13 часот ќе се спроведе Акцијата „Здравје за сите“.Акцијата ја спроведува Министерството за Здравство на РМ во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом Охрид со цел превенирање на кардиоваскуларни и респираторни заболувања и подобрување на општата здравствена состојба на населението.Медицинските екипи ќе вршат бесплатен општ преглед,мерење на крвен притисок,одредување гликемија и мерење на холестерол во крвта.Сите заинтересиорани граѓани можат да го посетат нашиот пункт поставен на Малиот Плоштад кај Чинарот.{loadposition content9}
Денес, 16.04.2015 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК ќе се одржи Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.Утре, 17.04.2015 – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈААрхиерејска литургија, ќе се држи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.{loadposition content9}
Скопската фирма Делфина Турс дооел, единствен понудувач на денешната електронска аукција за продажба на градежната парцела на која ќе се гради новата автобуска станица во Охрид. Почетна цена за градежното земјиште во сопственот на Р. Македонија беше 3170 ден/м2 а крајната цена која беше постигната на наддавањето е 3487ден/м2. Делфина Турс за градежната површина од 11 997 м2 ќе треба да плати 41 833 539 денари или 685 795 евра. На потегот опфатен со улиците 15 Корпус и Кленоец предвидена е инфраструктурна градба за комерцијални и деловни намени. Според деталниот урбанистички план, 70% од по…
Охридскиот Центар за социјална работа ќе се реновира. Тој е дел од седумте центри на ниво на земјава кои ќе се реконструираат, за што Министерството за труд и социјална политика обезбеди средства во висина од 38 000 000 денари преку ИПА програмата на ЕУ. Како што нагласи директорот на Охридскиот Центар, Екрем Каљоши тие веќе отпочнале со подготовка за престојните зафати. „Во моментот сме во фаза на преселување на материјалите во други простории каде што привремено ќе бидеме сместени со персоналот. Што се однесува каде ќе работиме, лицата ангажирани за остварување на правата како што се соци…
Претпријатие потонато во долгови, кредити, камати и стар возен парк, тоа беше сликата на ЈП „Охридски Комуналец“ од пред две години, рече директорката на претпријатието, Елена Скрческа која на денешната прес конференција даде отчет за сработеното во текот на нејзиниот двегодишен мандат. Таа потенцира дека требало многу труд и работа за претпријатието повторно да застане на здрави нозе.Во текот на овие две години значително се подобрени перформансите во сите аспекти од работењето на претпријатието. Подобрена е профитабилноста – искажана преку добивката во 2013 година – 797.000 денари и во 2…
Работодавците и работниците на едно место. ФТУ организира денови на кариера на кои ќе земат учество повеќе компании кои ќе се престават на свои штандови поставени во факултетот и каде ќе ги промовираат работните места кои им се непополнети а се од областа на струките кои се едуцираат на ФТУ.Во комуникација со хотелиерите и ресторатерите заклучивме дека има недостаток на готвачи посебно на искусни кои ќе можат да се снајдат и со класичната кујна но и со другите видови на кујни. Гастрономијата во светот се повеќе добива на цена и всушност имиџот на еден добар ресторан е креиран од добрата к…
Големата фрекфенција на возила за време на викенди низ градското подрачје го наметнува прашањето за недостаток на паркинг простор за време на летната сезона. Целосно зафатени паркинзи но и узурпирани тротоари е сликата која што може да се види изминативе денови низ Охрид. Директорката на ЈП „ Билјанини извори“ кое стопанисува со градскиот паркинг истакна дека за оваа сезона обезбеден е и дополнителен паракинг простор. Претпријатието ќе стопанисува и со затворениот паркинг кој се наоѓа во кругот на хотел „ Палас“ каде ќе може да бидат паркирани 70 возила. “Ние како јавно претпријатие т…
Со оваа урнебесна комедија пред охридската публика ќе се претстават актерите од битолскиот театар „Солзи и смеа“.Претставата ќе се одржи во сабота 18-ти април април 2015-та година со почеток во 20:00 часот во големата сала. Цена на влезниците е 120 денари а картите ќе бидат во продажба истиот ден. {loadposition content9}