Православните верници денес го одбележуваат празникот на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла.
Приказната вели дека кога Дева Марија наполнила три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја довеле од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, по…
Сообраќајот на патот Кичево – Охрид, на делницата Пресека-Врбјани денеска меѓу 12 и 15 часот ќе биде во прекин во времетраење од 15 до 20 минути.
Прекинот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е поради изведување градежни активности на овој патен правец.
Од Општина струга информираат дека деновиве започна реализацијата на еден многу важен проект за Општина Струга, проект кој е во застој повеќе од 30 години. Во интерес на граѓаните започна реконструкција на пумпна станица на водоснабдување на Струга и околината, финансирана од Министерство за транспорт и врски со вредност од 4.5 милиони денари.Моментално се работи на инсталација на нови пумпи и реконструкција на објектот на пумпната станица во село Шум, Струга.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ќе престојува во официјална посета на Охрид.
Од неговиот кабинет информираат дека тој ќе ја посети компанијата АСП-ПАК во Охрид.
Благој Бочвaрски, министерот за транспорт и врски оствари прва официјална посета на општина Охрид. На работната посета градоначалникот Константин Георгиески го запозна министерот со тековните активности на проекти кои општината ги реализира во патната инфраструктура, но и за проблемите на општината од сферата на урбанизмот.
„Поразговаравме со Министерот околу потребите на нови урбанистички планови каде што има надлежност министерството. Тие планови кои се во надлежност на општината да ги усогласуваме со министервстото и постапките да се побрзи. Поразговаравме и за имплементација на Планот…
Добитник на највисокото општинско признание, наградата „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2020 година е академик Вера Битракова- Грозданова, неуморен истражувач, универзитетски професор и еминентен научник од областа на археологијата и историјата на уметноста.
Академик Вера Битракова- Грозданова е родена на 19 јули 1939 година во Охрид. Во родниот град го завршува основното и гимназиското образование, дипломира, магистрира и докторира на Филозофскиот факултет во Загреб на тема „Ранохристијанските споменици во Охридскиот регион“. Од 1975 година до пензионирањето е професор на Филоз…
Во текот на изминатото деноноќие (02/03.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 715 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Денес Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денес ќе ја посети Општина Охрид.
Планирано е министерот Бочварски да оствари средба со охридскиот градоначалник Константин георгиески, по што ќе следуваат изјави за медиумите.