Апр 27, 2015

Охрид се побогат со културни настани

Охрид се побогат со културни настани. Заедничката соработка помеѓу Националната установа, Фестивалот „Охридско лето“ и охридскиот Народен театар, вроди со плод. Охриѓани се почесто можат да видат престави кои се играат надвор од границите на државава.  Денес во охридскиот Народен театар гостува монодрамата „ Зоран Радмиловиќ“ од сцена „ Маска“ –Шабац, Србија. Охридско лето на овој начин ја потврдува својата стратегиска определба  да ги промовира културните вредности не само во деновите додека трае фестивалот туку и во текот на целата година, вели Елизабете Јанкулоска -директор на НУ- Фестив…

Јун 22, 2021

ОБУКА НА ВОЗДУХОПЛОВНИОТ ВИНГ ВО ОХРИД

Како дел од активностите на воздухопловниот ВИНГ, а во соработка со локолната самоуправа од Охрид во четврток (24.06.2021г.), во период од 16 до 19 часот пред Кампот за обука  на АРМ кај каналот „Студенчишта“ се планира реализација на „Отворен ден за јавноста“ каде што граѓаните ќе можат да видат дел од  леталата и опремата со која што располага Воздухопловниот ВИНГ. Обуката е дел од Годишниот План  –  Календар за Обука на Воздухопловниот ВИНГ . Активноста  е дел од подготовките за планираната НАТО вежба за кризен менаџмент „Северна Македонија 21“ водена од НАТО – Евроатлантскиот центар …

Мај 4, 2015

Закочија работите околу отварањето на паралелката на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани

  Закочија работите околу отварањето на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани која требаше да профункционира уште зимава. Парите кои беа добиени од УНИЦЕФ за оваа намена не се доволни, објаснува директорката на градинката, Роза Костеска. Објаснува дека поголемиот дел од нив биле инвестирани за отварање на паралелката во населбата Радојца Ниовичиќ. Но и Пештани ќе ја добие ветената паралелка, вели директорката.Преку ТЛЕР аплициравме до бугарскиот конзулат. Доставен е проектот и целокупната документација. Се надеваме дека набрзо ќе ни одговорат позитивно. До наес…

Апр 27, 2015

Попуштил поставениот тампон на свлечиштето кај ОУ Св.Климент Охридски

Попуштил поставениот тампон на свлечиштето во близина на ОУ Св Климент Охридски. Љупчо Танески, раководител на  одделението за комунален развој, сообраќај и улици, тврди дека екипи на ЈП Нискоградба реагирале по прилогот на ТВМ и УЗ Стар град за појавеното свлечиште во близина на основното училиште. Но, по две недели вградениот тампон повторно почнал да се лизга и се појавил истиот  проблем, вели Танески. Кажува дека минатата недела екипи на ЈП Нискоградба повторно излегле на терен и направиле увид. „ Беше  заклучено дека повторно треба да се тампонира и набие местото Во овој момент сеуште…

Мај 4, 2015

Ќе се градат винарски визби во општина Дебрца

Ќе се градат винарии на три парцели неизградено градежно земјиште во непосредна близина на Мешеишта. Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, смета дека овие парцели ја добиваат вистинската намена особено поради фактот што токму во овој дел на општина Дебрца и тоа како успева виновата лоза.„Се работи за винарски визби кои што ќе значат многу, не само за општина Дебрца, туку и за целиот регион, за развој на туризмот пред се, меѓутоа и развој на земјоделието. Според проектната документација треба да се изградат винарски визби кои што ќе можат да нудат и угостителски услуги, така да …

Апр 27, 2015

Бронзен медал и пофалница за охридските олимпијки по математика во Минск

Успешно претставување на охридските математичарки на женската олимпијада во Минск.  Теодора Бујароска се врати со бронзен медал, а Сања Симоновиќ  со пофалница.  Двете беа дел од четиричлената македонска  репрезентација на овој меѓународен математички натпревар. На Бујароска и Симоновиќ  ова не им е прв пат да ги бранат националните бои при одмерување на знаењата во математиката.  Тие се задоволни  од  успехот постигнат во Минск во мошне силна конкуренција. Задоволството е уште поголемо  затоа што  успехот се должи само на нивната самостојна работа и посветеност кон математиката, вели добит…

Мај 4, 2015

Навремена и безбедна евакуација на денешната симулација на пожар

Навремено и безбедно евакуирани учениците и персоналот од средното економско училиште во денешната показна вежба на спасувачките служби од градов. Во оваа успешно изведена симулација на пожар во средното училиште „Кирил и Методиј“, имаше и три заробени лица од кои едно со скршеници на потколеница, едно во бесознание и едно дезориентирано лице.„Го практикуваме тоа секоја година, со институциите, со Центарот за управување со кризи, со Дирекцијата за заштита и спасување, СВР, Итната медицинска помош, и секако екипите на Црвениот крст, и нормално ТППЕ од Охрид. Можам да кажам дека на оваа вежба…

Апр 27, 2015

Претставата „Зоран Радмиловиќ“ вечерва пред охриѓани

На малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ љубителите на театарската уметност ќе имаат ретка прилика да уживаат во генијалната интерактивна изведба во времетраење  од 60 минути. Ликот на Зоран Радмиловиќ го игра Иван Томашевиќ, кој се јавува и како текстописец на истоимената монодрама.  Режијата е на Андреа Ада Лазиќ.-Оваа приказна е заснована на паралелниот однос помеѓу Салиери и Моцарт, нашиот актер и гениалниот Зоран Радмиловиќ. Колку и да приказната за актерот  тешка, за публиката е комична што беше наша цел, вели Томашевиќ.Охридско Лето и Народниот театар од Охрид како нај…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top