Мај 26, 2015

За подобра безбедност во сообраќајот

На иницијатива на Секторот за внатрешни работи Охрид, денес ќе се одржи работна средба со претставници на локалната самоуправа, на претшколските и школските образовни центри, на велосипедските и моторциклистичките клубови како и на други институции со ингеренции во сферата на безбедноста во сообраќајот. Целта на оваа работна средба е координација и дефинирање на превентивно-едукативните активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот на ранливите категории-учесници во сообраќајот.Координативниот состанок доаѓа во пресрет на туристичка сезона кога СВР Охрид планира ефективни, пред се…

Мај 26, 2015

Промоција на програмата на годинешното „Охридско лето“

Денес ќе биде промовирана програмата на годинешново јубилејно 55-то издание на Охридско лето и новите простории на Фестивалот.  Од менаџментот на фестивалот денес со гордост ќе ја најават богатата музичка и драмска програма како и спектакуларниот настан за свеченото отворање.  

Јун 25, 2021

Во Охрид усвоен регионален патоказ за борба против корупцијa

Високи владини претставници и евро абасадори денеска во Охрид го усвоија Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови. Спречувањето на корупцијата во јавните набавки е еден од главните приоритети при процесот за пристапување кон Европската унија и еконоскиот напредок на земјите од Западен балкан. Јавните набавки бараат правила и норми коишто треба да се почитуваат со цел да се постигне отчетност на јавните финансии. Ова бара и конкурентност и зголемување на ефикасноста за користењето на јавните средства па на таков начин и зголемување на можностите за по…

Мај 25, 2015

Запрени градежните работи на новиот плоштад кај Мини Маркет

Повеќе од две недели се запрени градежните зафати на малиот плоштад кај Мини маркет. Граѓаните од населбата Билјани извори со нетрпение го очекуваат  неговото финиширање. Од Локалната самоуправа имаат објаснување  за моменталната ситуација на овој простор.„ Изгледа дека се прекинати работите, но треба да се запазат некои законски нормативи. Во постапка треба да има тендер за набавка на гранитни плочки  со кој ќе биде поплочен плоштадот,“ напоменува портпарол на ЛС Томе Џамтоски.Охридската јавност е запозната со идејното решение за изгедот на современиот парк. Познат охридски уметник е задол…

Мај 25, 2015

Охридската библиотека доби пет примероци од книгата „Можеш и ти“

  Донирани пет примероци од книгата „Можеш и ти“ од авторот Венко Андоновски на охридската библиотека „Григор Прличев“. Се работи за биографска книга за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, познат стопанственик и успешен бизнисмен, своевиден прирачник за деловниот успех за сите оние кои се на почетокот на својот професионален пат. Читајќи ја оваа биографија уште еднаш се потврдува дека со посветена работа, искрена желба и верба во себеси, успехот е неизбежен. Ова биографско четиво е многу моќно и сугестивно особено за оние кои се на почеток на градењето на својата кариера. Книгата се оценува како б…

Мај 25, 2015

Прва свечена академија на економското училиште „Св.Кирил и Методиј“

Прва свечена академија за средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Со настап на новооформениот хор, рецитал, фоклор и музика, во присуство на професорите, менаџментот на училиштето, како и директори и професори од други основни и средни училишта, родители, пријатели, претставници од локалната самоуправа, беше одбележан патронот и денот на сесловенските просветители св.Кирил и Методиј. Директорката Славица Костоска вели дека задоволството и возбудата се големи. Потенцира дека иако се нов правен субјект, тие не се нови во образовниот процес, туку само ја продолжуваат традицијата, ми…

Мај 25, 2015

Во Охрид црвен тепих ќе има на затварањето на Францускиот филмски фестивал

Во Охрид нема да се отвори, но затоа пак ќе се затвори Францускиот филмски фестивал. По осми пат од 11 до 20 јуни ќе се одржи Француски филмски фестивал во Македонија, на кој ќе бидат прикажани  9 филмови. Свеченото отварање на Францускиот филмски фестивал е одзмен од Охрид и  трет пат по ред ќе се отвора во Скопје. Сега  се намалуваат и деновите на прикажување на филмовите во Охрид. Минатата година фестивалот се одржуваше  по два дена во Скопје и Охрид, а годинава, според програмата на Францускиот филмски институт од  4 -те фестивалски денови 7 филмови ќе бидат прикажани во Скопје, а само …

Мај 25, 2015

Од Охрид ќе се лета и за Базел и Лондон

Од Охрид за време на летната сезона ќе се лета за Базел и за Лондон, што за патниците ќе значи поедноставен транспорт, нови можности за туризам и бизнис, а за концесионерот зголемени приходи.Од ТАВ Македонија информираат дека се зголемува бројот на патници, но и на компании кои оперираат од домашните аеродроми.– Откога ТАВ раководи со двата аеродрома во Република Македонија имаме големо зголемување на бројот на патници и на авиооперации. За 5 години растот изнесува 75%, што на крајот доведе до тоа, лани да ја натфрлиме бројката од милион патници. Во моментов од скопскиот аеродром опслужувам…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top