Ќе биде ли Охрид и оваа туристичка сезона етикетиран како најскап град во нашава земја?
Веќе неколку години наназад на социјалните мрежи угостителите трпеа остри критики од незадоволни туристи претежно од земјава околу цените на услугите во дел од угостителските објекти. Често на социјалните мрежи се објавуваа фотографии од фискални сметки од одредени објекти каде туристи платиле дури и двојно поскапа услуга или производ од она што биле навикнати да го плаќаат во местата од каде што доаѓаат. Во исто време пак, најголемиот број од угостителите коментираа дека станува збор за изолирани случ…
Лебот направен по рецептот на нашите баби, производ кој го чува нашето здравје. Овај леб се правиод пченица и `рж се замесува без квасец туку со кисело тесто со додавање на јогурт во самата смеса. Со ваков леб диетите кои ги препорачуваат нутриционистите само со овошје и зеленчук се непотребни, тврди проф. Д-р Валентина Павлова, декан на технолошко-техничкиот факултет во Велес. Таа долги години вршела анализа и истражување на лебот и тестото од кое се прави и дошла до фрапантни податоци. Белиот леб нема никакви нутриционистички вредности, а лебот направен на традиционален македонски начин н…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишниот М.Т. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
– Пријавениот, во периодот од април до мај 2021, преку апликацијата „Месинџер“ пуштал видео записи снимени од видео надзорот во неговиот угостителски објект, а на кои е снимено лице од Охрид вработено во објектот, нанесувајќи му штета на неговото достоинство, информираат од МВР.
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31 мај 2015 година (недела), во црквата „Света Троица“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Духовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чино-началствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.На 1 јуни 2015 година (понеделник), во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „II ден Духовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чинона-чалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебар-с…
Дел од светилките на улиците АРМ, Галичица, во стариот дел од градот, Карпош Војвода, Даме Груев не светат. На Булевар Туристичка исто така во вечерните часови се забележува делумно осветлување, а во мрак е левата страна на туристичка, кај воените згради. Се повеќе градски улици потонуваат во мрак. Граѓани јавуваат дека не светат ни светилките на магистралниот пат од Билјанини извори кон Рача. Во населбата Радојца Новичиќ граѓаните делумно задоволни од уличното осветлување. За функционално одржување на јавното улично осветлување надлежна е Локалната самоуправа, а за таа намена граѓаните …
Дали садењето на палмите покрај кејот ќе значи и отстранување на автохтоните дрва во нивна непосредна близина? Охриѓани загрижени дека лошо им се пишува на многулетните дрва во чија непосредна близина се засадени егзотичните палми, особено на потегот од Центарот за обука на вода накај плажите. Оваа дилема во вид на пратеничко прашање беше актуелизирана и од страна на пратеничката Лилјана Попоска од партијата ДОМ. Таа го запраша заменик министерот за животна средина дали повеќегодишните стебла ќе се сечат за да се заменат со палми и за да се претвори Македонија во земја на палмите. На ова пр…
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела “Посебни случаи на фалсификување исправи“ и “Затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Т. (43) од Струга.Пријавениот, од март до ноември 2013 година, во својство на управител на правното лице „ГЕОПРЕМЕР ДООЕЛ увоз-извоз Струга“, спротивно на Законот за катастар на недвижности, го упoтребил службениот печат на фирмата и неовластено издал и потпишал девет геодетски елаборати за посебни намени. Пријавениот неовластено го упoтребил службениот печат и во 2014 година, кога во име на фирмата неовластено и…
За сите љубители на руската кинематографија, денeска и во сабота во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да погледнат ревија на Руски филмови.Според најавите ќе бидат прикажани филмовите „Една војна“, „Ѕвезда“ и „Ние сме од иднината“.Руската ревија на филмови е овозможена од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Министерство за култура, Филмскиот Фонд и Кинотека на Македонија.Почетокот на проекциите е во 17, 19 и 21 часот, а влезот ќе биде слободен.