Градоначалникот Кирил Пецаков, за нов в.д. директор на Основното училиште “Живко Чинго” Велгошти ја назначи Љубица Ангелоска Кркачоска.
Таа доаѓа на местото од досегашната директорка Мирјана Крлеска.
Нема непосредна опасност од откорнатото орманче во населбата „Гоце Делчев“-тврдат од ЕВН Македонија. ТВМ во повеќе наврати информираше за состојбата во која се наоѓа ова орманче кое повеќе пати досега беше цел на вандалски напади.
Денес екипи на ЕВН Македонија излегле на терен со цел да утврдат дали истото претставува непосредна опасност по минувачите. Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски информираше дека екипите констатирале дека орманчето е безбедно, односно дека жиците имаат соодветна изолација и дека нема присуство на влага во него. Иако ова прашање во повеќе наврати беше актуелизира…
Се известуваат жителите и туристите кои престојуваат во Охрид дека од 1.07.2021 година (четврток) ќе бидат ставени во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот. Моторните возила ќе може непречено да сообраќаат, само доколку поседуваат картичка за движење во овој дел од градот.
Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.Постоечките картичките за кои не е извршена навремена пререгистрација во согласност со повикот на општината, кој беше објавен на 20.05.2021 година, ќе бидат …
Менување на ставови и надминување на крајната цел за младите, да најдат вработување. Наместо тоа, истите да се охрабрат да ја прескокнат црвената линија и да се обидат сами да создадат работа. Ова е најважната цел на летниот камп за млади претприемачи кој се одржува во Охрид. Дел од него се и двете средни стручни училишта, „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид, и „Нико Нестор“ од Струга. Младите средношколци велат дека овој интерактивен камп навистина ги учи на тоа како практично да ги применат знаењата, но и да соберат храброст да одат и чекор понатаму.„Кампот мислам дека е многу добар, дека ќе н…
Исечени дрва во паркот Горица. Пред околу еден месец започнала дел по дел сечата на дрвјата во шумата наспорти претседателската вила Билјана. Граѓаните кои го користат паркот за рекреација зачудено прашуваат зошто се сече шумата!? Јавувааt дека сечата претежно се одвивала во раните утрински часови
. Редакцијата на ТВМ во повеќе наврати ги контактираше надлежните служби во врска со сечењето на дрвјата на овој потег, но без успех. На 9 јуни и официјално испративме барање до надлежните служби во Локaлната самоуправа, но и по две недели од таму молк и игнроирање на поставените прашања. Поба…
Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште во месец јануари Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти директорката на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место и пет месеци подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа од оваа невозможна мисија. Директорката изјави дека претпријатието ниту технички ниту кадровски може д…
Подготвена сцената на Долни Сарај за годинешното 54-то издание на Балканскиот фестивал за народни песни и игри. Од 6 до 11 јули фолклорните ансамбли од 12 земји ќе го презентираат својот автентичен мелос. Играорците од Турција, Бугарија, Полска, Северен Кипар, Србија, Канада и други земји ќе се претстават на годинешното издание на Балканскиот фестивал, напоменува директорката на НУ Центар за култура Драгана Боцевска.„ Фестивалот постои за зближување на културата и народите, тоа е неговата мисија. Фолклорот е најголем реперезнт на секоја земја учесничка. Специјално е што секој ансамбл …
Ј.П. „ Охридски Комуналец“ ги информираат физичките и правни субјекти, корисници на нивните услуги, дека во периодот 29- ти јуни до 31- ви август комуналниот отпад ќе се подига од 06.00 часот наутро.Од претпријатието појаснуваат дека овие активности се спроведуваат со цел, за време на екот на туристичката сезона, нивото на услужната хигиена да се одржи на највисоко ниво.