Во текот на изминатото деноноќие (09/10.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 465 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат следните корисници:
– од 09:40 до 15:20 часот, корисниците од село Љубаништа, Манастир Св.Наум, водни пумпи Св.Наум, војни објекти во Св.Наум и ВИП Св.Наум.
– од 09:20 до 15:30 часот, корисниците од село Лева Река, предавател Т-мобајл Крушје, село Крушје, пумпи Крушје и рибник Крушје
– од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од Кеј Македонија, делот позади хотел ПТТ каде се градат новите станбени објекти и улицата кај апартмани Жика, апартмани Б…
Министерката за образование и наука Мила Царовска денес се сретна со претставници на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија. На состанокот се разговараше за претстојното полагање на матурата, програмите и начинот на којшто ќе се организираат испитите.
Министерката истакна дека ставот на МОН е дека државна матура треба да има како и во сите останати европски држави и држави од регионот и Северна Македонија не смее да биде исклучок по негативни практики.
„Образованието мора да продолжи да тече дури и во овие услови, бидејќи се работи за иднината на младите генерации. Ние не…
Јога Центарот Охрид одржува он лине часови преку почетна и напредна група во време на пандемија. Во моментов се поактивни жените за разлика од мажите. Тие бараат начин за релаксација и ослободување од стресот кој го наметна пандемијата во последните месеци, вели Александра Јанеска, која 2 децении е инструктор по јога вежби. Јогата помага да се опуштат. Се работат техники на дишење, релаксација и се вежбаат аксана телесни положби кои помагаат во урамнотежување и хармонизирање на сите системи во телото, кажува Јанеска.
„ Иако он лине работевме со бремени жени. Последниве месеци многу им помо…
31 годишната Марија Шиникоска е самохрана мајка на три деца. Младата мајка низ солзи и со тешко срце бара помош од заедницата. Таа и нејзините деца живеат во една влажна просторија која прокиснува, а привремено ја добила на користење од нејзина пријателка. Шиникоска се бори во животот со помош на хуманите пријатели бидејќи со платата која ја заработува не може да им обезбеди пристојни животни услови на нејзините три малолетни деца 6 годишната Светлана, 4 годишната Димитра и двегодишниот Виктор. На прагот на зимата Шиникоска и нејзините деца се без струја еден месец и без огревно дрво, а …
Деновиве започна новогодишното украсување на Охрид. Во услови на здравствената и економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19, а со цел да се заштедат финансиски средства, локалната власт одлучи украсувањето да се реализира со намален буџет во однос на изминативе години.
Ќе се користат постоечките реквизити кои се сопственост на општината, а китењето ќе биде во централното градско подрачје и главните „улични артерии“.
Годинава ѕвезденото небо ќе блесне само на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и на улицата „Македонија“ спроти кејот каде ќе се постават и декоративни мразулци. Со …
Од денеска на пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ве очекуваат уште пет нови наслови издание на „Матица македонска“ од Скопје.
Се работи за следните наслови кои со согурност ќе побудат интерес кај читателската јавност.
„Госпоѓица Коко и мирисот на љубовта“ од Мишел Марли, „Не сум виновна“ од Јелена Бачиќ – Алимпиќ, „Загубената сестра“ од Лусинда Рајли, „Призрак во ноќта“ од Тес Теритсен и „Од името на семејството“ од Сара Дунант.
И покрај постојаните набавки и збогатувањето на фондот со нови наслови НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се соочува со проб…
По 25 години успешна работа, добро познатиот мото центар Амбасадор на нова локација, на улица Ристо Чадо, во склоп на здружението навозачи ЦВО Охрид.Најпознатите светски брендови на скутери и моторцикли можете да ги погледнете во новотворениот салон кој од денеска официјално започна со работа. Новиот продажен простор на мото центарот се протега на 200 квадратни метри и е современо уреден и ултра модерен, по светски стандарди.
„Пасијата кон моторите кај нас трае од 1995 година. Годинава прославуваме 25 години постоење, создавање на многу успешни приказни, многу насмеани лица. Станавме бренд…