Жителите од туристичката населба Подмоље без вода, пристапни патишта, улично осветлување, недоволно контејнери. Ваквата состојба ја трпеле години наназад, како што и самите кажаа пред камерата на ТВМ. Тие денес јавно проговорија за овие проблеми. Според нивните изјави, тие сметаат дека се дискриминирани, а реагираат дека надлежните воопшто не водат грижа за ова место и дека кренале раце од нивните проблеми. Еден од најгорливите проблеми е водата за пиење, за што се пожали Елица Нацевска која веќе 20 години живее во оваа населба.„Вода немаме од лани, мај месец. Молам, плачам секој ден …
Потребна е соработка помеѓу граѓанските организации со цел постигнување на некаква општествена промена. Ова е една од мислите водилки кон кои е насочен проектот Цивика Мобилитас под мотото „Твој простор, твој глас“. Денес тие одржаа регионален форум за граѓанските организации од југозападниот регион, на кој беше дискутирано околу потребата од поттикнување соработка помеѓу самите граѓански организации, но и граѓаните, со цел да се постигне некаква заедничка поширока општествена цел. „И според наши истражувања, некаде сме на средина би рекла. Има активности за да се направи влијание, има влиј…
Започна сезоната за капење и сончање на охридските плажи. Концесионерите на плажите деновиве почнаа со работа и ги поставија лежалките и масите ама како да забораваат да остават и 40процентиод просотор слободен за посетители кои не сакааат да користат урбана опрема. Од локалната самоуправа информираат дека засега контролата на инспекторите покажала дека концесионерите ги почитуваат одредбите од договорот. „Нашите служби, инспекторатот редовно ќе ги обавуваат контролите. Таму денес извршија контрола на Канео и Потпеш. Она што го имам од инспекторатот е дека се почитува договореното …
На 21.02.2022 година, при извршени сообраќајни контроли од 09 до 14 часот, полициските службеници затекнале и санкционирале 29 пешаци при небезбедно преминување на улица и преминување надвор од обележан пешачки премин (Охрид-13, Кичево-16,).
Во Струга, биле регистрирани 17 возачи кои во населено место, управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената. Во Дебар, затекнати се 2 возачи на моторно возило кои не пропуштиле пешаци при премин на обележан пешачки премин – информираат од СВР Охрид.
Во Охрид се одржува петтиот Летен училишен спортски камп. Учесници на овој камп се над 250 талентирани ученици од основните и средните училишта кои се пласирале меѓу најдобрите на спортските натпревари во текот на изминатата учебна година. Нив денес ги посети директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој се запозна со нивните активностите. Спасески нагласи дека во изминатиот период многу инвестирале во развој на училишниот спорт, но вложиле и во спортската инфраструктура што според него треба да претставува база за постигнување врвни резултати.„И на тој начин практично ово…
Во рамки на прегуграничниот проект „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓугранична област – Conse-pp“ кој се спроведува од македонска и грчка страна беше одржана обука за локални туристички водичи преку која населението се запозна со вредноста на биолошката разновидност во Белчишкото Блато. Обуката беше спроведена во Општина Дебрца од професори од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем”. Во рамки на проектот досега се спроведени повеќе проектни активности меѓу кои и пренамената на старата касарна во еко- музеј на Белчишкото Блат…
„Пупиновата медаља“ свечено врачена на охридскиот историчар, професор др. Павле Митрески. Професор Митрески го доби високото српско одликување за неговата истражувачка работа со која преку факти докажал дека корените на српскиот научник Михајло Пупин водат потекло од нашиот крај. Овој настан ме враќа во минатото и младоста и се чуствувам гордо, истакна при тоа Митрески. Иницијативата за истражувањето потекнал од српски профеосри и научници од Белградскиот Универзитет, напоменува историчарот. Почнав пред три децении со научна работа за да докажам дека семејството на Михајло Пупин води …
Идните средношколци го направија својот избор. Во првиот уписен рок кој заврши вчера поголемиот дел од нив веќе се определија во кое средно училиште ќе го продолжат своето образование. Во Гимназијата „Св. Климент Охрдски“ се пријавиле 226 ученици од кои само 198 се запишани бидејќи го исполниле условот да имаат минимум 60 поени. Директорот Ѕвонко Трпески вели дека оваа година е забележан мал тренд на пораст на бројот на средношколци кои се пријавиле во гимназијата. Минатата година во првиот уписен рок се пријавиле 205. Квотата која и е одобрена на оваа образовна институција е 272 ученици ра…