Јул 1, 2015

Локалната со летниот режим на сообраќај ќе го регулира и поставувањето на урбана опрема на ул.„Коста Абраш“

Од денес па до крајот на месец Август, посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје. Медитеранското катче како што своевремено локалната го нарече пресекот на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ од денес станува пешачка зона која што е поврзана со чаршијата и Кеј „Македонија“. Според посебниот режим на сообраќај, на овие улици од 5 часот наутро до 20 часот навечер ќе важи забрана за сообраќај, освен за жителите на Стар град, додека од 20 часот до 5 часот следниот ден ќе има целосна забрана за сообраќај за сите граѓани, освен за специјалните возила на полицијата, пожарната и и…

Јул 1, 2015

Социјална правда сега! во Охрид

  „Социјална правда сега! во Охрид. Тое е карван кој минува во 9 градови на земјава и ја следи социјалната состојба на осетливата група граѓани, нивните права, како и прашањата на невработеноста, на корисниците на социјална помош, туристичката сезона и сезонските работници. На плоштадот Крушевска Република кај чинарот, охриѓани имаа можност да погледнат шест сведоштва на нивните сограѓани од ранливата категорија, преку продуцирани снимки кои редакцијата Цивил Медиа ги сними минатата недела.  „Луѓе кои биле жртви на мобинг на работа луѓе кои се синдикалци, социјалци, имаме и убави…за жал …

Јул 1, 2015

На сила стапи ограничувањето на пловидбата за скутери и чамци

Од денес, почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското езеро. Чамците не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра.  

Јун 30, 2015

Нема откажувања на туристичките аранжмани за Грција во охридските агенции

Нема откажувања на туристичките аранжмани за Грција во контекст на актуелните случувања кај нашиот сосед. Додека очите на Европската Унија се вперени кон оваа земја, во екот на летната туристичка сезона, во некои од медиумите се пренесува слика на граѓани кои брзаат да ги повлечат своите парични средства од банките, а проструи и информацијата дека во Грција има недостаток на гориво, како и тоа дека се лимитирани износите на средства кои може да се повлечат од банкоматите. Според дел од туристичките агенции од Охрид кои на клиентите им нудат аранжмани во Грција, оваа ситуација е пренагласен…

Јун 29, 2021

Станува алармантно семејното насилство во Охрид

Алармантна станува појавата на семејно насилство меѓу охриѓани. За само 6 месеци од почетокот на оваа година се пријавени 70 случаи на семејно насилство, информираат од охридскиот Центар за социјална работа. Ајтен Мусли, директорката на центарот, вели дека секојдневно пристигнуваат пријави од полицијата по кои постапуваат социјалните работници. Насилство се случува без разлика на социјалниот статус на  семејтсвото.   „Нема врска кој се пријавува насилство, доктори, адвокати, кој се пријавува е чудо невидено. Интелектуалци, не е класа со пониско обрзование или без доход, невработени или …

Јун 30, 2015

Охридското гинеколошко одделение има капацитет за да ги пречека родилките од целиот регион

Капацитетите на охридското гинеколошко одделение се доволни за да ги опслужат пациентите најмалку во наредните дваесет години. Директорот на Општата болница од Охрид, д-р Љубен Арнаудов, вели дека уште при реконструкцијата на болницата, капацитетот на одделенијата бил зголемен за четириесет проценти, вклучително и на одделението за гинекологија. Од тука, според него, апсолутно се подготвени да ги примат и оние родилки кои ќе допатуваат од Ресен по информацијата за затворањето на породилиштето во овој град. Д-р Арнаудов потенцира дека тие и досега работеле со трудници од Ресен, но и повеќе д…

Јун 29, 2015

Се бара начин да не згасне дејноста кајчар

Законската недореченост која се заканува да ја збрише дејноста кајчар ќе се најде пред пратенците. Градоначалникот Никола Бакрачески денеска се сретна со претставници од охридските кајчари на нивно барање.  На средбата присуствувале и претставици од Државниот пазарен иснпекторат и секторот за ТЛЕР.  Се бара начин да не згасне дејноста кајчар, препознатливиот охридски бренд, напоменуваат од  Локалната самоуправа. Во текот на денешниот ден е доставено барање до  министерството за економија за измени и надополнување на законот за туристичка дејност за да се реши во моментов спорната дејност на…

Јун 29, 2015

Децата кои питачат во Охрид привремено ќе се сместуваат во транзитен центар

Отворен транзитниот центар во Охрид, за децата кои питачат. Истиот е дел од заедничкиот проект „Општинско корисна работа“ на Министерството за труд и социјална политика односно Центарот за социјална работа од Охрид и Локалната самоуправа . 11 лица, ангажирани преку овој проект, ќе работат на спроведување на проектот по градинките, додека втората активност се однесува токму на третирање на проблемот со децата на улица односно децата кои питачат. „Министерството ни даде можност, ни обезбеди просторија за која се плаќа кирија и тие се наоѓаат во просториите на Трудбеник каде се опремени со ус…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top